И додека повеќето Македонки НЕ можат да го поднесат овој тренд (нешто што потполно го разбираме!), овие девојки се луди по него!
Тренерките повеќе не се само за по дома или теретана
Познатите ИТ девојки веќе неколку сезони по ред не се одвојуваат од своите омилени тренерки. И тука не мислиме на нивните спортски изданија, кога одат во теретана или на трчање, туку на мнооогу други најразлични комбинации во кои познатите „street style“ ѕвезди ги носат дури и со високи потпетици. Да, сега познатите девојки тренерки не се носат само со патики, туку и со салонки, оскфордки и чизми до глужд, а посебно се популарни моделите зачинети со една или повеќе линии на надворешната страна на ногавиците кои визуелно дополнително ги издолжуваат нозете.
Според коментарите што досега имавме прилика да ги прочитаме на социјалните мрежи ова дефинитивно е еден од оние трендови кој не им се допаѓа на нашите девојки. Ние потполно ги разбираме и го почитуваме нивното мислење, иако најискрено не само што немаме ништо против него туку и ни се допаѓа.
Што мислите вие?