И додека нивната ќерка се спрема да го освои Балканот, Соња и Јохан Тарчуловски уживаат во нивната љубов и блескаат од среќа
Поранешната македонска фолк-пејачка Соња Тарчуловска ужива во љубовта со својот сопруг, Јохан Тарчуловски, поранешниот пратеник во нашето собрание.
Тој овој пат ја изненади со едно романтично патување, а како дестинација го избра преубавиот град Барселона.
Тие посакаа да уживаат во овој шпански град кој и во есенскиот период зрачи со својот неодолив шарм.
И по првата обиколка низ каталонската престолнина, пејачката преку фотографии ги пренесе своите впечатоци.
Објави неколку фотографии на кои е со саканиот, од кои можеме да видиме дека и двајцата се воодушевени и уживаат во ова нивно патување.
Таа најпрво објави фотографија направена пред Саграда Фамилија, познатото фасцинантно дело на Антони Гауди, а потоа и од стадионот Камп Ноу на фудбалскиот клуб Барселона.
И додека таа носеше зелена јакничка и качкет на главата, Јохан на себе го носеше знамето со сонцето од Кутлеш.
Инаку, деновиве во нашите медиуми е присутна и нивната наследничка, Меланија Тарчуловска.
Имено, ќерката на Соња и Јохан оваа година ќе настапи н фестивалот за забавни мелодии Макфест, кој ќе се одржи во Штип од 21 до 22 октомври.
Мелани која тргна по стапките на својата мајка, на 37-то издание на фестивалот ќе настапи со поп нумера, и ова не е нејзино прво појавување на фестивалската сцена. Таа минатата година настапи на Охрид Фест и ја освои наградата Долни Сарај, како најмлад изведувач со 16 години.
На 14 годишна возраст пак, Мелани го освои второто место на меѓународен фестивал „Златен глас на Малта“.
Мелани беше бебе кога нејзиниот татко беше однесен во Хаг
Мелани е првото дете на познатиот пар, а нејзиниот татко кога таа имаше само 40 дена беше однесен во Хаг.
Поранешниот пратеник тогаш беше осуден на затворска казна од 12 години, која подоцна беше намалена на осум.
Поранешната фолк пејачка и поранешниот пратеник покрај Мелани го имаат и сонот Младен, кој парот го доби додека Јохан беше во затвор во Хаг, а по неговото враќање ја добија и нивната ќерка Јоана.
Тие и двајцата не кријат колку се горди и среќни што и нивната убава наследничка тргнала по стапките на својата мајка, која своевремено беше една од најпознатите и најбараните фолк пејачки во Македонија.
Мелани од нив добива максимална поддршка, а како што вели нејзината мајка во една пригода, таа мора да има нејзин ген.
„Среќна сум што Мелани го прави она што го сака“, изјави тогаш Соња за својата наследничка која и физички е нејзина копија.
Фото: Фејсбук/ Соња и Јохан Тарчуловски
Фото: Фејсбук/ Соња и Јохан Тарчуловски
Фото: Фејсбук/ Соња и Јохан Тарчуловски
Фото: Фејсбук/ Соња и Јохан Тарчуловски
Фото: Фејсбук/ Соња и Јохан Тарчуловски
Фото: Фејсбук/ Соња и Јохан Тарчуловски
Фото: Фејсбук/ Соња и Јохан Тарчуловски
Фото: Фејсбук/ Соња и Јохан Тарчуловски
Фото: Фејсбук/ Соња и Јохан Тарчуловски
Фото: Фејсбук/ Соња и Јохан Тарчуловски
Фото: Фејсбук/ Соња и Јохан Тарчуловски
Фото: Фејсбук/ Соња и Јохан Тарчуловски