Амал Клуни е уште една во серијата познати дами кои му се приклучија на овој тренд
Навикнати сме познатите дами да ги гледаме во најновите модели од најлуксузните брендови, па затоа малку нè изненади еден од најголемите трендови од црвениот килим за оваа година – винтиџ облеката. За неколку месеци видовме познати дами како Карди Б и Ким Кардашијан во „винтиџ“ парчиња од „Mugler“, a Ким почна да носи и креации од модниот гениј Азедин Алаја од 90’ години. На овој тренд овие денови му се придружи и Амал Клуни, која се појави во Бакингемската палата во преубав бел „винтиџ“ фустан.
Таа заедно со сопругот Џорџ Клуни се појави на церемонијата во „котур“ фустан од брендот „Jean-Louis Scherrer“ кој за жал не постои веќе 10 години. Амал во овој безвременски фустан изгледаше навистина елегантно и уште еднаш се покажа како една вистинска модна икона.
Па, дали ви се допаѓа ова издание на Амал?