Реклама
Наши ѕвезди

И во петтата деценија изгледа неодоливо – Светлана Црнокрак во ОВА издание НИКОГО нема да остави рамнодушен

Реклама

Поранешната манекенка Светлана Црнокрак и во петтата деценија изгледа божествено, а тоа го докажа и со овие фотографии.

Фото: Фејсбук/ Biana Shoes

Една од нашите најпознати поранешни манекенки, Светлана Црнокрак, и во својата петтата деценија има со што да се пофали. Имено, од овие фотографии можеме да видиме дека Светлана се уште изгледа неодоливо. Таа во улога на модел се снаоѓа како и во најдобрите години, а некои би рекле и многу подобро од нејзините двојно помлади колешки.

Под нејзините фотографии направени за „Biana Shoes“ можете да прочитате само позитивни коментари и пофалби на сметка на нејзиниот грациозен изглед.

Маркетинг

Инаку Светлана заедно со својот сопруг Мики Црнокрак се сопственици на модното студио „Црнокрак“. Тие важат за една од најстабилните брачни двојки меѓу познатите во Македонија, а на јавни настани не ретко можеме да ги видиме заедно, често и со нивните деца Моника и Нина.

Фото: Фејсбук/ Biana Shoes

Благодарение на нив многу девојки станаа успешни манекенки и досега имаат организирано голем број модни настани.

Маркетинг

Но и покрај тоа веќе со децении се дел од македонскиот шоу-бизнис, Светлана и Мики својот приватен живот го чуваат далеку од очите на јавноста.

Фото: Фејсбук/ Biana Shoes

Единствено што можеме да кажеме со сигурност е дека и двајцата изгледаат одлично и дека многумина му се љубоморни на Мики што има ваква убавица покрај себе.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button