И во овој град НЕ можат да ги избројат жртвите од новиот коронавирус – почнаа да користат импровизирани мртовечници
Последниот пат ваква драстична мерка во Њујорк беше воведена по терористичките напади на 11 септември 2001 година.
Властите во Њујорк започнаа со употреба на импровизирани мртовечници за да се справат со зголемувањето на смртните случаи од вирусот корона. Последниот пат кога беше воведена ваква драстична мерка во Њујорк беше по терористичките напади на 11 септември 2001 година, кога форензичките тимови имаа задача да идентификуваат десетици илјади телесни остатоци од 2753 жртви од нападот со патничките авиони на Светскиот трговски центар.
Импровизираните мртовечници и камиони со фрижидер сега се знак дека Њујорчаните се соочуваат со национална здравствена криза. Според најновите расположливи податоци, најголем број починале од „Ковид-19“ во градот Њујорк. Во државата Њујорк има вкупно 385 починати и повеќе од 46 илјади заразени на 105 илјади регистрирани во САД, јавува Си-Ен-Ен.
Во целата држава има 1731 починати
„Ние се соочуваме со јавна здравствена криза и градот воведе вонредна состојба. Имаме значително поголеми капацитети од болниците, а импровизираните мртовечници можат да сместат повеќе од 3.600 мртви тела“, се вели во соопштението на Министерството за здравство на државата Њујорк.
Капацитетот на мртовечниците во пет њујоршки општини е 900.починати.
Федералната агенција за управување со вонредни состојби соопшти дека покрај Њујорк, Хаваи и Северна Каролина исто така побарале помош за грижата на жртвите од новиот корона вирус.
Во Македонија нови 22 случаи на корона вирус, вкупната бројка достигна 241 заразени
Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (9), Куманово (3), Струга (3), Тетово (2), Дебар (2), Прилеп (2), Битола (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 241 лице.
Од 200 до 300 тестови за корона вирус се прават на дневно ниво
Од 200 до 300 тестови се прават на дневно ниво за да се утврди дали одредени граѓани кои на некој начин имале контакт со веќе заразени или се вратиле од ризичните подрачја се носители на заразниот корона вирус, тврди за „Фокус“, министерот за здравство Венко Филипче.
Тестовите за корона вирус се прават во лабораторијата на Институот за јавно здравје, во приватните болници и лаборатории.
Бројот на заразени од ден вo ден се менува, но најчесто бројката на дневна основа во последниот период се движи од 18 до 30 новозаболени од Ковид 19. Со најголема бројка од 29 заразени, министерството за здравство излезе на 22 март и оттогаш, според официјалните статистички податоци, деновиве бројките се помали. Меѓутоа, вкупно заразени досега во земјава има 241 лице, од кои четворица починаа.
Досега се направени 1.800 тестирања, а тестовите како што нагласи Филипче се германски. Тој за „Фокус“ додаде дека имаат 1.500 тестови, очекуваат по 1.000 секоја недела и 20.000 тестови од донации. Тестовите се набавуваат од двете фирми „Биомедика“ и „Биосистеми“.