Реклама
Наши ѕвезди

И во Австралија немаше убав живот, сограѓанка открива нови детали за Тања Савиќ и Душан

Реклама

Животната драма на Тања Савиќ ја потресе српската јавноста откако нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ со измама, без нејзино знаење, ги одведе нивните синови во Австалија.

Тања дури и тврди дека Душан ги користел децата за да ја уценува.

Маркетинг

Со оглед на тоа дека има голема српска заедница во Австралија, во медиумите во Србија се јавуаат соговорници од Австралија кои кажуваат детали од животот на Тања и Душaн во Австралија.

Така една жена од Австралија вели дека во изминатот период го среќавала Душан, а претходно често ги гледала заедно со Тања кога биле заедно.

Маркетинг

– Го сретнав Душан во Австралија. Не покажуваше некои знаци на нервоза ниту дека актуелната афера нешто го потресла. Барем таков впечаток добив, вели оваа жена од Австралија.

– Претходно кога Тања и Душан доаѓаа, често ги сретнував. Никогаш не се случило да се караат во јавност, но додека беа тука, никогаш таа не смееше да мрдне без него никаде. Душан ја контролираше цело време, а прашање е што се случувало меѓу четири ѕида. Многумина сега ја осудуваат Тања што не направила нешто претходно, но мора да бидат свесни дека тоа не баш така лесно да се среди како што многумина мислат, вели соговорничката и додава:

– Нивните деца имаат австралиско државјанство. Тања, ако претходно покренеше некаква постапка, мораше да ангажира адвокати од Австралија. Тоа е прилично скап процес и Тања сигурно би ја чинело повеќе од 100.000 евра. Овде во Австралија адвокатите се многу скапи. Иако таа е успешна пејачка, тоа и не се мали пари и не треба Тања да се осудува. Никој не знае колку и е тешко и сигурно е дека кај Тања секогаш постоел тој страв дека Душан ќе ја освои од децата.

Оваа соговорничка на крајот од разговорот откри интересна информација, а тоа дека сопругот на Тања во Австралија одбегнува да се дружи со лица кои знаат српски јазик и кои се по потекло од поранешна Југославија, што и претходно беше некаков знак колку тој водел сметка и контролирал се во животот на Тања и неговиот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button