Реклама
Наши ѕвезди

И во 97 година од животот плива во Дојранското Езеро – за Добрила секој дене е посебен и треба да се слави

Таа и денес со пријателите оди во казино

Реклама

Неверојатна жена

Добрила Ивановска Чабриќ (96) го освои целиот регион кога прв пат се појави во шоуто за ветерани „Никогаш не е доцна“.

Таа веднаш ги освои сите со својот глас, но и неверојатна енергија за жена на нејзини години, па така и победи во шоуто.

Маркетинг

По победата во шоуто таа многу пати гостуваше во оваа емисија која што се снима во Белград, а на повеќето од овие гостувања патуваше сама од својот Дојран до српската престолнина, и тоа со свој автомобил.

Маркетинг
Фејсбук/ Добрила Ивановска Чабриќ

Но таа не само што се уште вози автомобил, туку и плива во Дојранското Езеро, а пред неколку месеци наполни 96 години.

Принтскрин/ Јутјуб

Инаку, Добрила и денес излегува речиси секоја вечер и како што вели самата, таа најчесто излегува во казино.

Таа неодамна за „Гранд.онлајн“ откри дека работела 6 години како менаџер во едно казино, а преку викенди пеела.

Принтскрин/ Јутјуб

Таа и денес таму се наоѓа со своите пријатели од Грција, каде се забавуваат, а овие дружби за неа преставуваат еден вид терапија.

Инаку, Добрила заради сообраќајката што ја имаше неодамна, кога се превртела со својот автомобил, мораше да оди на операција.

Тогаш и биле вградени импланти во колкот заради кои денес потешко се движи, но затоа со автомобилот ќе „скокне“ до езерото, и ќе плива, па на тој начин се разладува, но и се одржува во кондиција.

Фејсбук/ Добрила Ивановска Чабриќ

Добрла денес најмногу од своето време го минува во дворот од куќата каде често ја посетуваат пријателите, а како што вели самата, никогаш не е сама затоа што покрај неа секогаш нејзините бројни миленици.

Таа има десетина мачки и една пудлица, па во една пригода изјави:

„Мачките се подиви и не даваат да се мазат, но уживаат во условите кои им ги дадов, па во мојот двор си играат и милина е да се гледаат. Сепак, мојата миленичка тоа е мојата пудла која живее со мене и ме следи во секој чекор“ изјави во една пригода Добрила.

Фејсбук/ Добрила Ивановска Чабриќ

„Животот е еден и треба да се проживее и да се слави од ден во ден без никаква причина. Не се откажувам од дружбата, од пријателите, музиката ни животот. Секој ден ми е нов ден во кој можам многу работи да направам“ изјави Добрила во една пригода за „Гранд онлајн“ и додава дека одамна донела одлука дека ќе ужива со полни гради и дека секој ден ќе го слави како да е посебен.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button