Реклама
CelebrityTVБлог

Зошто е ЦЕЦА институција!? Како си поминавме вчера на концерт во Куманово… (ВИДЕО)

Реклама

Цеца е институција! Тврдам дека е тоа така, по вчерашниот концерт во Куманово ми се потврди оваа реченица.

Јас да бидам искрена првпат одам на концерт на Цеца. Песните и ги знам, старите од А до Ш. Не сум и била некој фан, но не ми пречела нејзината музика никогаш. Имам постара сестра, па паметам дека дома ни се моткаше и некое цеде од Цеца.

Маркетинг

Откако е дел од членовите на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, оваа жена се повеќе и повеќе ми се допаѓа и како караткер.

Па така, кога моето друштво одлучија да купиме карти и да одиме на Цеца, без размислување реков ДА! Си реков ќе се забавувам, зошто да не.

Маркетинг

Пејачакат во хотелот пристигна некаде по 9 часот со бел  бе-ем-ве џип. Цеца се појави на сцената во 23:00 часот , точно, без премногу перепетии излезе на сцената и драги мои два часа не престана да пее, се чиниш без здив! Ни вода не зема, ни пауза ни ништо. Се гледа дека договорот бил два часа концерт, а таа без отсапка, строго професионално го направи тоа. Враќање на бис, немаше, се заблагодари и си замина, бендот си ја спакува опремата и чао, до следното видување.

Цеца за почеток ја поздрави публиката со:

„Добро вече Македонијо, моја волјена Македонијо!“ (Добро вечер Македонијо, моја сакана Македонијо! – кажа Цеца,

 

Интересно беше што репертоарот и беше многи убаво искреиран. Почна со најстарите хитови, па одвреме-навреме ќе уфрлеше некоја нова песна, па повторно се враќаше на старите евергрини.

На сцената Цеца беше со два придружни вокала, една девојка и маж. Вкупно беа девет музичари на сцената. Меѓу нив се забележуваше таа синергија и пријателство што постои. После секоја испеана песна останатите членови од бендот имаа интерсен гест покажуваа со рацете кон гоелмата ѕвезда.

И навистина е голема, затоа што има неверојатно пристоен однос на сцената, допадлива е за публиката. Пее фантастично!

 

 

Концертот го отвори си стариот хит „Знам“,  а потоа ја поздрави публиката и секако дека неизбежно беше да го спомене Мики Секуловски. Рече дека ѝ е криво што не победил.

 

ЦЕЦА растури на концертот во КУМАНОВО – Вечерта ја отвори со зборови за Мики Секуловски (ВИДЕО)

Цеца беше облечена во долг светкав фустан со огромен шлиц и деколте. Долга пуштена коса. Останатите членови од бендот беа во црно.

Публиката беше псотојано многу расположена, во хор ги пееја песните.  Измешани генерации од малолетни лица до повозрасни господа и дами кои ја следат кариерата на српската легенда! Луѓето беа дотерани, девојките во убави летни комбинации, а господата во кошули. Се забележуваше дека цело Куманово е во локалот, но и жители од цела Македонија беа псрисутни.

Амбиентот е многу убав, бината е поставена меѓу зеленило и дрвја, пирка ветерче има простор за играње и да стоиш како човек, без бутканици и да ти дише некој во врат. Меѓу целата убавина од нигде ниакде на концертот се појави и едно куче кое прошета меѓу публиката. Се смеевме со пријателите дека е петс френдли концерт, и дека за животните имало попуст за картата. Кучето ги расположи сите околку нас, и замина. за жал немам фотографија од овој момент.

Вечерта ескалираше со многу пеење, зарипнати гласови и девојки на ушка од свооте партнери.

Погледнете на видеата дел од атмосферата.

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button