Зоки Фаци е пресреќен што има пријател како Стефан – споделија нови информации за неговата болест
Нови информации за здравствената состојба на познатиот македонски водител Зоран Василевски
Лазаров со позитивни вести ја израдува публиката.
Големи се шансите водителот Зоран Василевски познат како Зоки Фаци да излезе како победник од битката со канцерот.
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
Како што е познато, тој боледува од канцер кој веќе започна да се шири по неговото тело и зема замав, но докторите даваат нова надеж.
Сѐ започна пред неколку години кога случајно ја повредил ногата и забележал топче кое не поминувало со месеци.
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
По направен преглед било установено дека станува збор за тумор, кој веднаш бил опериран.
Таа битка ја поминал полесно, без хемотерапија.
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
Но, канцерот повторно се врати во неговото тело, односно повторно на ногата
Иако направи операција и прими 4 хемотерапии, овој невидлив непријател земал замав и се проширил на стомакот и на коските.
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
Народот се крена на нозе и со заеднички сили собра финансиски средства за Зоки да може да се лекува во болница во Турција, каде било одлучено дека прво треба да прими хемотерапии, а потоа повторно да се врати таму на операција.
Зоки се вратил во Скопје, каде се консултирал со докторите од кои добил позитивни вести.
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
Неговиот пријател и колега, водителот Стефан Лазаров веднаш ги соопшти убавите вести на социјалните мрежи.
ФОТО: Принтскрин
Како што откри тој, Зоки му се јавил и му кажал дека има надеж и дека докторите му кажале дека сé ќе биде океј.
Операцијата ќе се случи следната недела, во една од нашите приватни клиники, а кога ќе имаат повеќе информации за сето она што понатаму ќе се случува, ќе ја известат и јавноста.
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
Потсетуваме, Зоки се врати во Скопје од Турција и веднаш се огласи на својот профил на социјалните мрежи.
Повеќе за ова прочитајте тука...