Зоки во болница, фановите загрижени: „Заврши операцијата. Се надевам дека карциномот е минато и дека нема да се вратам“
Зоки се огласи и откри како се чувствува
Познатиот естраден новинар и инфлуенсер Зоран Василевски заради сериозни проблеми со здравјето заврши во болница.
Како што самиот објави на Инстаграм, тој имаше операција, по што неколку дена ќе остане во болницата.
Тој се обрати во живо од Градска болница, од одделот за пластична хирургија, откривајќи дека е добро, дека се надева дека операцијата поминала одлично и дека цел ден спиел од анестезијата.
Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци
Зоки притоа им се заблагодари на сите за пораките што ги добива повторувајќи да не се грижат за него, дека гледа телевизија и дека си муабети со еден дедичко со кого е во собата.
Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци
Ве сакам сите и наскоро ќе излезам дома и ќе се дружиме, им порача Зоки на своите пријатели и бројни фанови.
Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци
„Се надевам дека карциномот е минато и дека нема да се вратам тука више никогаш“, порача тој во видеото.
Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци
Инаку, Зоки пред само неколку недели ги потресе сите кога објави едно трогателно видео на својот Инстаграм.
Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци
Но тој тогаш не зборуваше за себе и за болеста што ја има, туку за едно дете што го сретнал со неговата мајка на онкологија.
Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци
Новинарот тогаш во видеото зборуваше тажно, а по гласот му се познаваше дека одвај се воздржува да не заплаче.
Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци
„Сабајле бев на онкологија, правев некои испитувања, па да ги земам резултатите од.. тоа! И видов една мајкичка, со детенце, на возраст од некои осум, девет години, исто така болно од канцер“.
Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци
„Со инфузијата во рака си седеа во ходникот и морав да им пријдам затоа што ми се расплака срцето од она што го видов“.
Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци
„Наместо тоа дете да оди на школо, детето се бори со најопаката болест која ја имам и јас“, изјави Зоки во видеото.
Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци
Тој потоа додаде дека и земал телефон на мајката и им ветил дека се што може ќе помогне тоа детенце пак да оздрави.
„Такви луѓе има еден куп. Помагајте луѓе, многу е битно да подадете рака на некој што му треба вистински. Бог е голем и памти“, вели тој на крајот од видеото со кое никого не остави рамнодушен.
Повеќе за ова прочитајте тука...