Знаат како да уживаат – македонскиот политичар покажа каква убавица има покрај себе
Градоначалникот на Струмица Коста Костадинов покажа каква убавица има покрај себе.
Костадинов е поранешен пратеник во собранието од редовите на СДСМ, а откако стана градоначалник се чини дека е уште по активен на социјалните мрежи.
Често споделува фотографии од своите работни активности, но и приватни фотографии.
Овојпат тој замина на службено патување во Венеција, но со него беше и неговата вереница Марија.
Двајцата насмеани позираа на плоштадот „Свети Марко“ во Венеција кој важи за град на љубовта, а двајцата изгледаа како холивудски пар.
Тој неодамна при гостување во „Магазин“ откри дека планираат патување со Марија, но рече дека сето тоа зависи од неговите работни обврски, па сега се чини дека најде шанса да ги спои љубовта и работата.
„Тоа е најважниот момент за мојата сопруга, мојата партнерка што знае да ме следи и во работата и во авантурите, и во уживањето и во животот.
Тоа е формулата за успешен брак според мене. Ако немаш човек којшто не може да те следи, навистина би било само пречка. Дури и во авантурите коишто ги планираме. Заедно, навистина го уживаме животот“, рече Костадинов при гостувањето во „Магазин“.
Двајцата неодамна беа кумови на свадба, а Костадинов објави неколку фотографии на кои е малку да се каже дека двајцата изгледаат како вистински холивудски пар.
Костадинов скоцкан од глава до петици како и секогаш, а неговата вереница во црна тоалета едноставно блескаше.
Инаку тој минатата година ја побара раката на својата девојка, битолчанката Марија Десанова. Откако ја запроси, на социјалните мрежи се пофали со свршеничкиот дијамантски прстен што со кој ја побара раката на својата сакана.