ЗЛАТНИТЕ ГРЛА ОД ШТИП: Славејчето ЛИНА што свири на ВИОЛИНА и малиот мајстор на хармониката Драган, најавуваат КОНЦЕРТ!
Братче и сестриче кои од најмали нозе ја негуваат македонската традиција
Лина Костадиновска (10) и нејизниот брад Драган Костадиновски (14) од Штгип се двете деца кои комотно можеме да ги именуваме како златните грла на Штип.
Братче и сестриче кои од најмали нозе ја негуваат македонската традиција
Малата и преслатка Лина свири на виолина, а симпатичното момче Драган е дамо тинејџер, а веќе е мајстор на хармониката.
Доколку се уште не сте ја слушнале Лина како пее тогаш пропуштате многу. Малото девојче на сите натпревари на кои се појавила со виолината освојувала прво место.
Таа пее изворна македоснка музика како да има 50+, а не само 10 години. Нејзиниот детски глас е вонсериски.
Драган пак е тинејџер кој веќе ја одбрал трасата по која ќе чекори, а таа траса се нарекува музика! Одличен со хармониката, но и тој извонреден со вокалните спосбности, кога ќе запеат двајцата сите замолчуваат и гледаат без да трепнат.
И ова момче е без конкуренција, на натпреварите им ги „зема“ првите награди и со ансмевка продолжува да типка по инструментот. Серизоно, а весело, тој е вистински музичар уште од сега!
Љубовта кон музиката на овие две дечиња им е генетски поврзана, бидејќи нивниот татко е музичр.
Лина и Драган ќе имате можност да ги гледате во живо на 26 јули со почеток во 20 часот, во Домот на културата „Ацо Шаопов“ во Штип, кога ќе се одржи концерт наречен „Музика без граници“ .
Покрај овие две дечиња на сцената ќе им се придружи уште едно младо момче,популарниот, Ајдин Османовиќ од Сребреник.