Реклама
Наши ѕвезди

Згодниот велешанец растури во Ѕвездите на Гранд, Цеца воодушевена – ни мртва не би го дала за некој друг?!

Можеш да бидеш ѕвезда, а не само Гранд ѕвезда, му порача Марија Шеривоиќ на Мики Секуловски

Реклама

Мики Секуловски (36) никого не остави рамнодушен во „Ѕвездите на Гранд“ и со самото појавување се здоби со статус на ѕвезда.

На официјалниот сајт на Гранд, велешанецот веќе го споредуваат со Исак Шабановиќ кој исто така преку ноќ стана популарен на целиот Балкан благодарение со неговото учество во ова шоу.

Мики ги собра сите комплименти благодарение на својот талент и доби само пофални зборови од стручното жири.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Тој во саботата настапи во дуел со Перица Вељковиќ (19) од Белград и со својот извонреден талент покажа дека рокенролот може да го победи фолкот и на популарната Гранд сцена и ги воодушеви сите.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Мики најпрво се претстави со познатата македонска песна од познатиот македонски пејач Мики Јовановски Џафер „Сонце за три светови“, а потоа и со легендарниот хит „Не зови мама доктора“ од „Прљаво Казалиште“ и освои шест гласови, додека 19-годишниот Перица доби само еден глас и немаше шанси во дуелот со него.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Мики со својата неверојатна енергија ги освои сите и заврши во тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ кој Саша Поповиќ ја праша дали би сакала да го менува овој свој кандидат со некој од тимот на Александар Милиќ Мили, по што пејачката како од пушка му одговори:

„Ни мртва“, му порача Цеца на Саша и ги насмеа сите во студиото, не криејќи го воодушевувањето што Мики е во нејзиниот тим.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Добро дојде во тимот. Големо задоволство ми е, пееш прекрасно“, му порача, а Саша потоа ги откри своите импресии од Мики.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Кога бев на аудиција во Скопје, Мики беше далеку најдобар кандидат. Беше и Ѓорге таму да го потврди тоа. Нема потреба да криеш колку години имаш, имаш сосем доволно години колку требаш да имаш за овој натпревар. Со 36 години заслужи да се најдеш на оваа сцена“, му порача Поповиќ, а потоа неговиот настап го коментираше и пејачката Марија Шерифовиќ.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Таа му порача дека може да биде ѕвезда, и тоа не само Гранд ѕвезда, но и дека верува во него и како човек, а не само како пејач.

„Пееш фантастично, го држиш вниманието, знаеш како да е однесуваш, сé ти верувам. Се надевам дека и приватно си кул колку што мислам дека си додека ова ни го изведуваше, Постојат некои млади пејачи кои страшно пеат, ни фрлаат магија, а на крајот ќе излезе дека се вистински г*мна“, истакна Шерифовиќ додека пејачката Снежана Ѓуришиќ објасни зошто не гласала за него, туку за неговиот противник, иако настапот на Секуловски и се допаднал многу повеќе.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Како што откри Снежана, пејачката гласала за Перица само затоа што сака тој да стигне до бараж и потоа да биде во нејзиниот тим.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Александар Милиќ Мили исто така не го криеше своето воодушевување, а и Драган Стојковиќ Босанац е убеден во неговиот успех.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Ти си еден од најдобрите кандидати што се појавиле од Македонија и мислам дека ќе имаш многу успеси, ако бидеш вака педантен и прецизен во своето изведување“, му порача тој, а потоа го праша колку куќи има, на што Мики му одговори дека има само една, и тоа недовршена.

„Ќе заработиш уште две со Гранд“, му кажа во шега Босанац.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

На крај дојде редот и на Ѓорѓе Давид кој можеби беше и најкомпетентен да даде свое мислење за пејачот од Македонија.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Рокерот му порача дека е готов производ и дека Александар Јосифовски добил сериозен конкурент во оваа приказна.

„Така се пее во Македонија“, заклучи Ѓорѓе, а Саша го праша натпреварувачот каде бил досега, на што Мики одговори:

„Се занимавав со музика, но задните пет-шест години не. Бев во Белгија, работев како келнер“, одговори тој.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Убаво ти кажа Босанац. Имаш куќа која не е завршена, ако продолжиш вака да напредуваш ќе направиш уште две куќи“, му порача Поповиќ, а Ѓорѓе само се надоврза дека нема причина да не продолжи и дека веќе е во финалето, по што коментираше и Цеца.

„Ако испаднеш, Мики ќе пееш со мене. Не го давам никому“, заклучи Цеца не криејќи го своето воодушевување.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Инаку, Мики Секуловски и е добро познат на македонската јавност, а најмногу по неговите успешни настапи во Македонски Идол.

Тој по учеството во ова шоу имаше неколку песни кои своевремено беа хитови во Македонија, а публиката го обожаваше како заради неговиот извонреден талент, така и заради неговиот карактер.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Станува збор за пејач кој поседува огромен потенцијал, но и кој има харизма да ја освои публиката.

Впрочем тоа можеше да се види и од овој негов настап, а многумина веќе се нестрпливи да го видат повторно на оваа сцена.

Некои од неговите стари хитови, но и како тој изгледаше на почетокот од својата кариера, погледнете во продолжение…

Фото: Фејсбук/ Мики Секуловски

Фото: Фејсбук/ Мики Секуловски

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button