Згодниот актер со корени од Македонија конечно прозборе за девојката која му го освои срцето: Има долг список услови, тешко е да се освои ваков заводник!
Џан Јаман има посебни услови за девојката која ќе биде со него...
Многу пати можеме да прочитаме за него дека е турскиот Аполон.
Публиката го запозна во турската серија „Полна месечена“, а по завршувањето на истата не помина долго па повторно направи бум глумејќи го главниот лик во серијата „Романтичарот“.
Во „Романтичарот“, го играше главниот лик, односно ликот на романтичарот Џан, кој е наследник на голема компанија и кој се вљубува во својата асистентка, која ја глуми убавата Демет Оздемир.
Најинтересно за македонската публика беше што токму овој згоден актер, влече корени од Македонија, неговата баба е родена во Македонија, а неговиот дедо е роден во Косово.
Џан во актерските води впловил случајно, слушајќи го пријателот кој му ја предвидел оваа вртоглава популарност.
Јаман со својот изглед предизвикува воздишки каде и да се појави.
Тој е популарен меѓу жените ширум светот. Се забавуваше со манекенки, актерки, водителки и други убавици.
Да се освои овој убавец и не е баш лесно. Неодамна се појави листа на критериуми кои неговата потенцијална девојка мора да ги исполнува.
Актерот потенцираше дека неговата избраничка треба да биде убава, насмеана, полна со енергија, женствена, не премногу гласна и – да му се допаѓа мирисот на нејзината кожа!
Не само што глуми добро, туку и изгледа одлично. Но, не е лесно да се освои.