Реклама
Наши ѕвезди

Згодната Македонка ги скара менторите во „Ѕвездите на Гранд“: „Пееш од Светлана до Нирвана, браво!“

Жестока расправа заради Андријана Петрушовска

Реклама

Пејачката повторно беше одлична

Младата и згодна пејачка од Македонија, Андријана Петрушовска, и овој пат ги воодушеви сите во „Ѕвездите на Гранд“.

Таа е во тимот на Мили, а во последната емисија беше во дуел со Вања Јовановиќ која е од тимот на Снежана Ѓуришиќ.

Маркетинг

На крајот резултатот беше 4:3 за пејачката од Македонија, а Марија Шерифовиќ и Цеца Ражнатовиќ и порачаа дека во овој круг беше послаба отколку порано. Познатите пејачки и порачаа дека имала проблем со интонацијата, но дека сепак блескала на сцената и дека очекуваат да биде уште подобра.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Според Ана Бекута, Петрушовска оваа вечер беше бомба, а истото мислење го имаше и Вики Миљковиќ.

Се гледа колку знаеш и колку ја познаваш оваа работа. те слушав на една прослава, пееше се од Силвана до Нирвана. Браво, Андријана! Мојот глас секогаќ ќе го имаш, и порача Бекута на пејачката.

Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска

„За мене Петрушовска беше никогаш подобра. Ти имаш став, појава си“, истакна Вики за згодната пејачка од Македонија.

На крај својот коментар го дадоа и менторите, а прв беше Мили кој за Андријана изјави дека покажала фантастична енергија на сцената и дека неверојатно напредува, по што го прекина Саша Поповиќ.

Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Таа во минатата сезона имаше неверојатна енергија, фантастична. Имаше такви настапи минатата година, тоа го видеа сите и сите тоа добро го знаат, додаде Поповиќ, а со него се согласија сите, додека Мили остана на својот став дека Андријана откако е со него е многу подобра.

Девојката отсекогаш одлично пеела, констатираа и Цеца и Вики, додека Ѓорѓе ги потсети дека ги имала најдобрите настапи додека била во неговиот тим, посебно во полуфиналната вечер кога растури на сцената (повеќе за ова прочитајте тука).

Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска

„Тоа беше врв на сите врвови и не верувам дека некој ќе може тоа да го достигне со неа“, изјави Ѓорѓе, со што Мили секако не се согласи.

Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Потсетуваме, Андријана и претходно се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ кога успеа да стигне до самото финале.

Таа тогаш заедно со охриѓанецот Александар Јосифовски беше во тимот на рокерот Ѓорѓе Давид, а покрај нејзините неверојатни вокални способности внимание привлече и со трансформациите што ги правеше на сцената покажувајќи дека има голема смисла за облекување, секогаш воодушевувајќи ги сите.

Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Впрочем така беше и сега кога повторно заблеска на сцената и никого не остави рамнодушен и со својот фантастичен изглед.

Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Како Андријана изгледаше овој пат, погледнете во продолжение…

Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Извор: Гламур, Гранд.онлајн

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button