Заљубената Гоца Тржан ги разнежи фановите на Инстаграм – „Ти БЛАГОДАРАМ за сé, добар мој човеку! За секое добро утро …“
Гоца Тржан со својот љубовен емотивен статус ги разнежи сите.
Таа љубовните зборови му ги посвети на својот сопруг Раша Новаковиќ, а емотивната роденденска честитка стана вирална и покрена лавина од коментари.
https://www.instagram.com/p/B_mbQ0YpBU2/
Еве што напиша таа.
Имено, музичарот Радомир Раша Новаковиќ, кој е 14 години помлад од сопругата Гоца Тржан, завчера го прослави својот 32 роденден, а познатата пејачка сподели порака со која ја разнежи јавноста.
„Добар мој човеку, ти благодарам за секое прекрасно добро утро, за љубовта без ограничувања, за убавиот и среќен живот. Ти посакувам среќа и здравје, близина на сите оние што ги сакаш во животот и мир во душата. Среќен ти роденден Милиславе, те сака твојата Жујза“, напиша Гоца во емотивната честитка за својот Раша.
https://www.instagram.com/p/CBwOJaDJ2oN/
Не се откажува од мајчинството
Инаку, една од новогодишните желби на Гоца што се наоѓаше на листата за 2020 беше и да го прошири семејството.
„Трет пат одам на вонтелесно оплодување. Морам да кажам дека немам големи очекувања. Ќе видиме што ќе се случи, знам само дека нема да паднам во депресија, ниту да бидам под стрес ако овој пат не се случи. Неможност да се зачне во овој период е како епидемија. Тоа е она што луѓето треба да го сфатат и некако да се позанимаваат со овој проблем. Моето мислење е дека треба редовно да се прегледуваме, што порано да пробаме инсеминација, да ги средиме хормоните и другите работи кои не функционираат“, изјави Гоца своевремено за „Хит Информер“, откривајќи низ што поминува.
Но таа не се откажува од борбата да остане во блажена состојба, а од својот сопруг ја добива целата поддршка и љубов.
„Веќе со години се борам да останам во блажена состојба, сакам да имам големо семејство, и сметам дек Раша и јас можеме да бидеме најдобри родители на целиот свет. Го поминав веќе еднаш овој процес, но не успеа. Морав да направам пауза и моментално според сите анализи се стекнаа услови да можам да го повторам процесот.“
„Сакам да имам второ дете и не ми е тешко да минам низ целиот процес, бидејќи кога нешто искрено го сакате, не постојат пречки. Обично знам да се пошегувам со пријателките дека кога ќе почнам да ги правам новите песни на кои моментално работам, обично доаѓа и бременоста, па верувам дека така ќе биде и овој пат“, вели искрено Гоца.
https://www.instagram.com/p/B-SBHqzJiDk/
https://www.instagram.com/p/B8oumFdJiHH/
https://www.instagram.com/p/B3u0uMVpvjd/
https://www.instagram.com/p/B3eFUhzpBAP/
https://www.instagram.com/p/B2elyHHCwtv/
„И Раша и јас имаме голема желба да имаме дете, момче или девојче, тоа е помалку важно. Поддршка на мажот е важна во овие моменти, мојот сопруг секогаш е покрај мене, задно носиме одлуки и токму од таа причина мислам дека имаме складен брак. секако, постојат бури кои се случуваат во сите заедници. но тоа сé се премостува со еден разговор“, порача Гоца во нејзиното интервју за „Блиц“.