Заради неа се пресели од Македонија – оваа убавица е сопругата на Ламбе Алабаковски
Сопругата на македонскиот пејач остава без здив со својата убавина.
„Среќен живот, среќна жена“, се пофали Ламбе на Инстаграм.
Момчето кое на почетокот на 2000-тите кршеше женки срца и беше љубов на сите девојчиња, денес е зрел маж, кој точно знае во кој правец сака да се движи неговата кариера.
ФОТО: Инстаграм / Ламбе Алабаковски
Ламбе победи на музичкиот натпревар „Плеј потрага по ѕвезди“ во 2004 година и отткогаш започна неговиот пат на музичката сцена.
Иако релативно млад, успеа да постигне голем успех како пејач и ги испиеа хитовите кои се пеат до ден денес.
ФОТО: Инстаграм / Ламбе Алабаковски
Неговата прва песна „Спаси ме“, компониран од страна на познатиот македонски композитор Дарко Димитров веднаш стана хит.
„Море од солзи“, „Кога сонце грее плачам“, „Врати ми го срцето“, се само дел од хитовите кои останаа за публиката.
ФОТО: Инстаграм / Ламбе Алабаковски
Каде и да настапуваше, Ламбе ги полнеше салите, а девојчињата чекаа во редици да се фоторафираат со него.
Иако му претстоеше и регионална кариера, Ламбе одлучи да ја напушти нашата земја и замина во Америка.
ФОТО: Инстаграм / Ламбе Алабаковски
Причината за тоа беше љубовта кон неговата Магдалена, која по потекло е од Битола, но живее таму.
Плод на нивнаа љубов се нивните синчиња Михаил и Димитриј.
ФОТО: Инстаграм / Ламбе Алабаковски
По извесно време Магдалена и Ламбе одлучија да се вратат во Македонија, а пејачот повторно се активираше на музички план.
На Инстаграм тој сподели фотографија со својата сакана, а во опис напиша: „Среќен живот, среќна жена“.
Насмевката на лицето на Магдалена е доказ дека таа е навистина среќна покрај Ламбе.