Лидерите се обратија на јавсноста преку своите Фејсбук профили:
Откако министерот за здравство Венко Филипче изјави дека лидерите на двете најголеми политички партии Зоран Заев на СДСМ и Христијан Мицкоски на ВМРО-ДПМНЕ се во домашна изолација, тие на своите Фејсбук профили им се обратија на јавноста.
Зоран Заев:
-Би сакал да ве информирам дека во текот на минатата недела имав ТВ интервју со новинар, за кој неодамна се утврди дека е позитивен на КОВИД-19. Иако во текот на интервјуто ги преземавме сите заштитни мерки како избегнување контакт и одржување дистанца, согласно сите протоколи, од денеска сум во самоизолација во мојот дом во Струмица. Немам симптоми, денеска се тестирав за присуство на вирусот и резултатите ги очекуваме во текот на денот – по што ќе се утврдат следните чекори, напиша Заев.
Воедно Мицкоски напиша на својот Фејсбук:
-Почитувани сограѓани, поврзано со информациите кои произлегоа за мојата здравствена состојба сакам да информирам дека до овој момент сум во одлична здравствена и физичка кондиција.
Во текот на вчерашниот ден, по добивање на информацијата дека е нарушено здравјето на новинарот со кој имав интервју точно пред една недела и истото се поврзува со пандемијата, направив тест чии резултати се негативни. Но, ќе ги почитувам препораките на здравствените лица и во наредниот период од неколку дена ќе останам во изолација. Се надевам на брзо закрепнување на новинарот и негово брзо враќање на работното место.
Продолжувам од мојот дом да ја следам актуелната состојба. Да им даваме поддршка на оние кои се во првата линија против пандемијата. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на сите оние кои пројавија интерес за моето здравје.
И понатаму активно ќе се бориме против пандемијата која донесе тешка здравствена, санитарна и економска криза. Сигурен сум дека на крајот заеднички ќе победиме затоа што секој живот вреди и затоа што ја сакаме Македонија. Бидете живи и здрави.., напиша Мицкоски.
Министерот за здравство денеска објави дека дека и Христијан Мицкоски и Зоран Заев се во изолација по контактот со новинарот кој бил позитивен на Ковид-19.
-Негативен ерезултатот на Мицксоски, но сепак е во изолација, додека резултатите за Заев ќе бидат добиени денеска.Новинарот засега е во стабилна состојба и во моментов е во болницата „8-ми Септември“, соопшти Филипче.