Задругарката Станија Добројевиќ бремена? Инстаграм се запали поради оваа фотографија!
На никој не му е јасно што се случува
Познатата старлета Станија Добројевиќ само неколку дена по завршување на шоуто „Задруга 2“ замина во Америка, а и не беше загрижена премногу што требаше да го остави своето момче Марко Марковиќ.
Но според фотографиите од социјалните мрежи, нивната врска се уште трае, а се погласно се шушка дека и двајцата ќе учествуваат и во новата сезона на „Задруга“.
Поранешната задругарка редовно објавува провокативни фотографии од Њу Џерси на својот профил на Инстаграм, а со последната објава ги изненади фановите.
Имено, Станија објави фотографија на која се гледа многу парчиња облека за бебиња, па фановите си го поставија прашањето дали е бремена. Таа не се огласи поради оваа објава, па не е познато дали облеката ја купила за пријателка или наскоро ќе се оствари во улога на мајка.