Вести

ЗАГИНА ПОЗНАТИОТ АКТЕР: Со него страдаа и двете ќерки, ГОЛЕМА НЕСРЕЌА

Advertisement

Американско-германскиот актер Кристијан Оливер (51), познат во филмскиот свет по улогата во новиот „Indiana Jones“, загина во авионската несреќа, заедно со двете ќерки Мадита (10) и Аника (12) како и пилотот кој управувал, објави британски Експрес.

Малиот авион се урнал во четвртокот во близина на островот Бекија, кој е дел од Ст. Винсент и Гренадини.

Advertisement

Застрашувачкиот момент е фатен на камера и споделен на социјалните мрежи, додава британскиот портал.

Едномоторниот авион полетал од блискиот аеродром и летал за Света Луција кога наишол на проблеми и се урнал во океанот. Пронајдени се телата на четири лица.

Меѓу другото, Оливер е познат по неговите улоги во филмовите „Speed ​​​​Tracer“ и „Valkyrie“.

Актерот постхумно ќе се појави во филмот наречен „Forever Hold Your Peace“, кој престана да се снима на крајот на декември.

Режисерот на филмот, Ник Лион, и оддаде почит на ѕвездата на интернет и напиша: „Со години разговаравме за продукција на филм заедно и конечно го направивме тоа! Ви благодариме што сте одличен колега, актер и пријател“.

Локалните извештаи велат дека тој пристигнал на Карибите со децата на 26 декември по снимањето. Само два дена пред смртта, Оливер објави видео на тропска плажа со натпис: „Нека владее љубовта. Ви посакувам се најдобро во 2024 година“.

Групата наводно била на пат кон Сент Лусија кога нивниот авион се урнал веднаш по полетувањето од аеродромот Бекија.

На видеото снимено од случаен минувач се слушаат звуци на страшна несреќа заедно со „Авионот се урна! Јавете се на крајбрежната стража!“.

Во декември 2021 година, актерот поднесе барање за развод од неговата поранешна сопруга, новинарката од Лос Анџелес, Џесика Муроз.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button