Реклама
Вести

Загина маж од Муртино, се повредил додека работел на нива со тракторот

Реклама

Земјоделец од с. Муртино струмичко  загина додека бил на нива. Вчера во 10.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека е починат 63-годишниот Ж.Ј. од село Муртино.

Тој извршувал земјоделски работи со својот трактор во нива во место викано „Врловарник“, атар на село Муртино. Додека ги вршел работите со тракторот зафатил железна шипка од оранжеријата, која паднала и го повредила при што од здобиените повреди починал – стои во полицискиот извештај.

Смрт констатирал лекар од Медицински центар Струмица додека увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button