За совршен изглед овие трикови мора да ги знае секоја жена: Погледнете под број. 3 и не дозволувајте да ве загледуваат зачудено
Секоја модерна жена мора да биде снаодлива во секој момент и за секоја непријатност што може да и се случи. Никогаш не знаеме дали потпетицата ќе пукне додека преминуваме улица или ручекот ќе заврши на нашата блуза.
Секако добра вест дека има решение за сите невкусни изненадувања и постојат трикови кои се применливи успешно во многу секојдневни непријатни ситуации.
Погледнете некои од нив:
1. Мрсна коса
Кога немате време да ја измиете косата, обични хартиени марамчиња може да ве спасат. Впијте ја маснотијата од темето, а потоа малку со рацете поминете низ коса. За кратко ќе изгледате многу поосвежено.
2. Проблеми со патентот
Кога патентот на вашата облека наеднаш ќе се заглави, искористете обичен молив. Втиснете ги двете страни од патентот покрај моливот и лесно повлечете.
3. Потење под градите
Ако во лето премногу се потите под градите, обична секојдневна влошка може да ви користи. Едноставно ставете ги во градникот и тие ќе ја впијат потта.
4. Проблеми со хеланки
Ако хеланките го нагласуваат недостатокот на вашето тело, постои начин како да ги носите. Земете стари хулахопки и потсечете ги така да изгледаат како кратки панталони. Облечете ги под хеланките за да го обликуваат вашето тело.
5.Флеки од мастило
Ако мастило капнало на вашата облека тогаш антибактериски гел може да ви помогне. Ставете крпа или хартиени марамчиња под флеката за да го собере мастилото, а потоа исцедете малку средство за дезинфекција врз флеката и протријте со крпа, а потоа измијте го тоа подрачје.
6. Свеж здив
Ако треба итно да го освежите здивот, а немате четка за заби при рака, можете да џвакате зрна кафе. Тоа ќе го отстрани непријатниот мирис, а неговата цврста структура ќе го исчисти и јазикот од талог кој содржи многу бактерии.
7. Жолти заби
Може да ги искористите бананите за да ги избелите забите. Протријте ги забите со внатрешната страна од кората од банана и причекајте 10-15 минути. Потоа измијте ги со паста за заби. Оваа постапка ќе ви помогне во избелувањето на забите.
8. Лизгави чевли
Ако ви се лизгави чевлите, може да користите хартиена шмиргла. Истријте го ѓонот со крузни движења. Не притискајте премногу.
9. Компир против дамки од пот
Можете да го искористите компирот за да го намалите ризикот од појавување на пот под пазувите. Исечете свеж компир и втријте го под пазувите. Причекајте додека не се впие, а потоа измијте го со вода.
10. Здолништето ви се крева
Ако краевите од здолништето постојатно ви се поткреваат, искористете лак за коса. Едноставно напрскајте ги нозете и здолништето нема да се поткрева.
11. Заглавен прстен
Има едноставен трик ако ви се заглавил прстенот на рака. Само кренете ја раката и држете ја така неколку минути. Крвата ќе проциркулира и ќе може да го извадите прстенот многу лесно.