Можеме многу да научиме од оваа дама …
И додека Кејт Мидлтон е предвидлива кога е нејзиниот стил во прашање, холандската кралица Максима не се плаши да си поигра со трендовите. И тоа го прави беспрекорно и покрај тоа што во нејзиниот плакар покрај најпопуларните трендови можат да се најдат и откачени дезени, бои и додатоци кои и не се баш лесни за успешни модни изданија.
Тоа можевме да го видиме и кога 47 годишната кралица заедно со кралот Вилем-Александер беа домаќини на австрискиот претседател Алекандер Ван дер Бален и неговата сопруга Дорис Шумидауер во својата резиденција.
И додека повеќето други припаднички на сината крв би одлучиле за класично издание, кралицата Максима повторно покажа дека знае одлично да плива и надвор од сигурните води. Таа овој пат избра ефектна блуза со минијатурен кариран дезен преубави предимензионирани ракави, која ја носеше во комбинација со панталони со широки ногавици, со уште поинтересен дезен, а целото издание го зачини со модни додатоци во боја на коњак (боја која на чевлите, ременот и чантата им дава гламурозен изглед).
Па, дали ви се допаѓа ова шик издание на кралицата?