За прв пат во јавноста се огласи единственото момче на Марија Шерифовиќ: Ги откри сите детали за лажната љубов со пејачката!
Откри дека се било маркетиншки трик...
Многумина сакаат да знаат мн повеќе за приватниот живот на Марија Шерифовиќ токму пораид тоа што пејачката го крие љубовниот живот подалеку од очите на јавноста.
фото инстаграм/Марија Шерифовиќ
Во една прилика таа прозборе за своето единствено момче црногорскиот пејач и актер Славко Калезиќ, кој воедно е и единствениот маж кој го претстави во јавноста.
фото инстаграм/Марија Шерифовиќ
Марија после одреден период во својот автобиографски документарец призна дека повеќе ја привлекува женскиот пол.
Сепак, Славко сега после 16 години призна дека не биле во љубовна врска и дека тоа е маркетиншки трик на Марија.
фото инстаграм/Марија Шерифовиќ
– Тоа е нешто за што сум благодарен што се случи. Бев многу близок со Марија, но секако тоа беше маркетинг. Немам проблем со тоа. Тоа не е нешто што јас го наметнав, туку нејзиниот тим. Ја почитував многу и дозволив тоа да се случи. Тоа не ми требаше во животот. Но, ако ме прашате од оваа перспектива, јас сум многу благодарен за тоа сега, бидејќи после тоа знаев дека не сакам да продолжам понатаму. И тоа е нешто што сега помина.
фото инстаграм/Марија Шерифовиќ
Три дена се доволни за секое чудо. Би било интересно кога луѓето би ја прашале сега, зошто и бил потребен таков маркетинг? И јас бев евровизиски претставник кој направи сериозен бум. Марија победи, но веќе ја нема во евровизиските кругови. Речиси бев последен во полуфиналето, а уште сум на турнеја низ Европа, настапувам многу – истакна Калезиќ во интервју за црногорската телевизија Е.
фото инстаграм/Марија Шерифовиќ
Да потсетиме, по победата на Марија на Евровизија, во 2007 година, таа и Славко започнаа наводна романса, која траеше цели шест месеци.
фото инстаграм/Марија Шерифовиќ
Ова е прв пат тој да се огласи во јавноста и да каже дека сето тоа меѓу нив било лага.