За овој Македонец велат дека би можел да биде НОВИОТ ВОЈАЖ, а Цеца уште од почеток го обожава?!
Каде и да се појави заедно со својата партнерка за која велат дека се како Војаж и Бресквица, знаат да направат одлична и незаборавна атмосфера
Ова момче од Македонија полека но сигурно станува една од најголемите ѕвезди на музичката сцена од помладата генерација на Балканот.
Станува збор за младиот пејач Дарко Ѓоргески кој настапува со Миа Смиљаниќ со која се запознаа во „Ѕвездите на Гранд“.
Иако за нив уште од самиот почеток се шпекулира дека се во врска, тие досега овие гласини ниту ги потврдиле, ниту пак ги демантирале.
Принтксрин/ Јутјуб
Неодамна беа во центарот на вниманието заради скандалот што им се случи со Весна Џогани (повеќе за ова тука), а нивната последна песна „Ја на тебе“ веќе е голем хит и има милионски прегледи на Јутјуб.
И токму заради страсните сцени во спотот на оваа песна многумина се сомневаат дека се во врска, но и потсетуваат на Војаж и Бресквица.
Инстаграм/ Дарко Ѓоргески
Инаку, тие се поприлично активни и на социјалните мрежи, а од нивните објави може да видиме и како изгледаат нивните настапи.
Каде и да настапуваат атмосферата е одлична, а повеќе од очигледно е дека и тие убаво се забавуваат со публиката.
Инстаграм/ Дарко Ѓоргески
Потсетуваме, Дарко и Миа се запознаа додека се натпреваруваа во „Ѕвездите на Гранд“ каде и двајцата беа во тимот на Цеца Ражнатовиќ.
Инстаграм/ Дарко Ѓоргески
Тие досега имаат снимено повеќе песни кои станаа слушани во целиот регион, а за нив веќе подолго време се шушка дека кумата на нивната врска може да биде токму Цеца бидејќи се запознале на пробите кај неа.
Но тие досега ниту ги потврдиле, ниту пак демантирале овие гласини, а нивниот спот само ги „зовре“ овие претпоставки.
Инстаграм/ Дарко Ѓоргески
Тие во него изгледаат како пар од холивудските филмови, а истиот досега има преку два милиони прегледи на Јутјуб.