За овие две Македонки ќе мислите дека се сестри, а не мајка и ќерка – погледнете ги нивните фотографии, ќе се воодушевите!
Миа важи за убавица, но еве од кој ја наследила својата убавина
Миа Костова веќе долги години важи за една од најзгодните дами меѓу познатите Македонки. Таа не ретко знае да објави и по некоја провокативна фотографија на социјалните мрежи, и да го истакне своите предности во преде план, а од фотографиите можеме да видиме дека има тело за чиста десетка. Но очигледно дека не е само до вежбањето и здравата исхрана, туку има нешто и во генетика.
Имено, популарната водителка и инфлуенсерка на Инстаграм објави фотографија од својата мајка во костим за капење која е најдобар доказ дека „крвта не е вода“ и дека „гранките никогаш не паѓаат далеку од крошната“.
Таа со оваа фотографија всушност и го честиташе роденденот на својата мајка, Оливера Костова Дилиндарски.
Нејзината мајка која деновиве наполни 59 години и која се уште изгледа неодоливо, е поранешна балерина која специјализирала во една од најпрестижните балетски школи во светот Ваганова, во Санкт Петербург, во Русија. Таа на фотографијата позира во дводелен костим за капење, додека лежи на карпа покрај водата, а во коментарите можеме да прочитаме само ласкави зборови и комплименти на сметка на нејзиниот изглед.
„Сите имаат мајка, ја имам 59 годишна риба и сум и прва љубов. Чисто информативно, дупла шкорпија со месечина лав. Халоувин квин. Сликава е нова, од стомаков изглегов пред 36 години. Среќен мајка! Љуби те Миа“, и порача Миа на својата згодна мајка.
Како да се другарки, а не мајка и ќерка
Миа и покрај тоа што редовно објавува интересни фотографии на социјалните мрежи, не веруваме дека многумина досега знаеја како изгледа нејзината мајка.
Интересно е и тоа што и нејзината мајка, Оливера, има свој профил на социјалните мрежи, а од нејзините фотографии никогаш не би претпоставиле дека оваа прекрасна жена наскоро ќе премине во седмата деценија од животот.
Инаку, Миа периодов повеќе ја гледаме на социјалните мрежи, отколку на малите екрани, а како што вели самата, за тоа и нема време. Нејзина најголема инспирација во животот е нејзиниот син Андрија, а како што неодамна изјави во интервју за „Гламур“, во последно време е презадоволна од животот и максимално ужива во она што го работи.
Таа е горда мама и најмногу се радува на успесите на нејзиниот син и на луѓето со кои е опкружена, а со пораката што ја објави покажа дека е горда и на својата мајка што на прагот од шестата деценија изгледа вака.
Во продолжение погледнете уште неколку нејзини фотки, но и неколку на убавата баба на Андрија.