Реклама
Наши ѕвезди

За оваа поранешна девојка на Игор во јавноста се знае многу малку – ЏАМБАЗОВ толку многу ја сакал што и посветил и песна!

Реклама

Познатиот актер денес ужива во љубовта со Илина Арсова, позната македонска планинарка и сликарка.

Игор зад себе има и еден брак со Искра, но за една негова голема љубов, која што самиот ја спомна во една пригода, многу малку се знае.

Маркетинг

Имено, познатиот македонски актер, писател и шоумен пред триесет и кусур години ја сретнал девојката која била една од неговите најголеми љубови во животот.

Во прашање е една од оние младешки љубови на кои се сеќавате цел живот, и секогаш со топлина во срцето. Тој на прв поглед се вљубил во неа, а по цели триесет години, во емисијата „Еден на еден“, за прв пат ја откри оваа романтична, но и тажна епизода од неговиот живот.

Маркетинг

Во прашање е девојка која живела на 200 метри од Драмскиот театар, местото каде што Игор помина голем дел од својата младост и која за жал, пред неколку години го напуштила овој свет. Песната „Шал“, Џамбазов ќе и ја посвети на неа, а како што самиот изјави, песната настанала при нивната прва средба, во една студена зимска ноќ, кога ја испратил до пред нејзиниот влез, каде се случил и првиот бакнеж.

Тој бил вљубен во неа, а тоа може да се заклучи и по тоа што за неа е напишана една од неговите најубави љубовни песни.

Инаку Игор од 1992 до 2006 година беше во брак со неговата поранешна сопруга Искра и важеа за еден од најпопуларните парови на нашата естрада.

Но по десет и повеќе години заеднички живот, тие ќе одлучат да се разделат, а Искра денес е среќно мажена и има две дечиња. Таа денес води складен и мирен семеен живот, со новиот сопруг, а Џамбазов во врска со нивниот брак во една пригода искрено ќе изјави дека поранешната сопруга не му недостига само како личност, туку и начинот на животот што го имале, пријателите, патувањата…

„Во следниот живот можеби ќе знам да се справам со жените, во овој не успеав како што треба” изјави Игор тогаш, во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ. Но по се изгледа дека Џамбазов сепак почна да учи како да се справува со жените откако ја сретна неговата нова љубов во животот, Илина Арсова, со која сега веќе некое време живее заедно во преубавото дојранско село Сретеново. Нивната љубовна приказна ги освои симпатиите на целата јавност, а пријателите се надеваат дека наскоро ќе им заиграат на свадба.

Фото: Инстаграм/ Илина Арсова, Игор Џамбазов

На социјалните мрежи тие речиси се неразделни, а фановите се воодушевени од секоја нивна заедничка фотографија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button