За оваа наша убавица времето како да не постои – македонската Моника Белучи изгледа брутално
Посебно кога ќе позира во едно вакво издание
И дупло помлади можат да и завидуваат на линијата
Поранешната македонска манекенка, Светлана Црнокрак, веќе со години наназад ја интригира домашната јавност, а деновиве објави и неколку фотографии со кои го покажа своето тело на кое многу помлади жени би можеле да и завидуваат.
Имено, Светлана и покрај тоа што ја гази петтата деценија од животот и оваа година прослави 30 години од матура, со нејзините фотографии што ги објавува на социјалните мрежи се уште мами воздишки и за многумина важи за македонската Моника Белучи.
Таа веќе 27 години е во брак со Мики Црнокрак кој исто така беше манекен и со кого денес го поседуваат студиото Црнокрак.
Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Тие се запознаа додека и двајцата ја започнуваа кариерата како модели, а круна на нивната љубов се ќерките Моника (25) и Нина (12).
Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Светлана денес е поприлично активна и на својот профил на социјалните мрежи, а неодамна објави неколку фотографии во дводелен костим за капење и ги воодушеви сите.
Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Имено, оваа дама и денес, на прагот на шестата деценија, изгледа како и на почетокот од својата кариера, а големо внимание привлече и со своето матурско издание кога го носеше популарнуот пролетен тренд што оваа сезона им е омилен на многу дами.
Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Светлана за оваа пригода избра блуска со леопард дезен, а многумина коментираа дека изгледа како вистинска мачка.
Погледнете ги и овие фотографии во продолжение…
Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Фејсбук/ Светлана Црнокрак