Здравите оброци и редовната физичка активност се составен дел од нејзиното секојдневие.
Оваа девојка ослабе 63 килограми за само 50 недели и целосно си го трансформира изгледот, начинот на размислување и животниот стил. Сара Лини во YouTube видео, објаснува дека дебелината ѝ ја уништила самодовербата што таа не можела да си најде работа и покрај тоа што била квалифицирана за работите позиции за кои аплицирала.
Откако видела фотографии на Инстграм од нејзина пријателка која ослабела, таа сфатила дека може да го направи истото.Со помош на програма за слабеење, мотивираната девојка започнала прво да ја менува својата исхрана.
Дури откако научила да се храни здраво и балансирано, таа започнала и да вежба. Резултатите од нејзините напори се неверојатни и таа започнала да ги објавува на Instagram за да мотивира и други личности да го следат нејзиниот пример.