За два дена полни 49, а се уште изгледа неверојатно – ова е тајната на една од најубавите жени во Македонија
„Црномурно совршенство“ без рок на траење
Водителката Татјана Стојановска наскоро полни 49 години, а многумина за неа велат дека изгледа двојно помладо.
Татјана е позната и како македонската Моника Белучи и веќе со децении важи за една од нашите најпознати и најубави ТВ презентерки.
Таа е родена на 13 ноември 1974 година во Скопје, а 1992 година, на 17-годишна возраст, ја освои титулата „Мис на Македонија“.
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
Нејзините фотографии од овој период се уште се вртат на социјалните мрежи, а она што сите го забележуваат е дека таа многу малку се има променето од тогаш, па и денес плени со својата убавина.
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
Впрочем тоа може да се забележи и од нејзините последни фотки што ги објави на Инстаграм, каде блесна во сиот свој сјај.
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
И токму заради овој свој неодолив шарм и грациозност некои ја нарекуваат македонската Моника Белучи.
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
Имено, таа со својата природна убавина ги краси нашите мали екрани веќе со децении, а во една пригода зборуваше и за тоа како го негува изгледот, откривајќи дека всушност и нема некоја посебна тајна.
Таа тогаш откри дека ретко посетува фризер освен за некои неопходни работи што не може сама да ги направи.
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
Истото се однесува и за шминкањето, односно Татјана е поприлично вешта и со своите „магични стапчиња“ и знае како да се нашминка убаво, така што за одржување на својата убавина и изглед нема некоја посебна формула, туку само вообичаени третмани и процедури.
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
А како оваа прекрасна жена изгледала пред 30 години, како наша Мисица и „црномурно совршенство“ кое очигледно нема рок на траење, и тоа во едноделен костим за капење, погледнете во продолжение…