Реклама
Вести

ПАДНА ОДЛУКА: Жителите на оваа скопска општина ќе плаќаат 2 000 денари за престој на децата во градинка

Реклама

Се зголемува цената за згрижување и престој во градинките на територија на Општина Карпош, односно родителите наместо досегашните 1 490 денари ќе плаќаат 2 000 денари. Ова беше одлучено на денешната седница на општинскиот Совет на која беше изгласан ребалансот на буџетот на Општината.

„Меѓу советниците конечно беше постигнат потребниот консензус околу предлогот за зголемување на цените за згрижување и престој на дечињата во предучилишните установи на територија на Карпош. Имено, досега месечната претплата изнесуваше 1 490 денари, а отсега за целодневен месечен престој за дете до 6-годишна возраст ќе се плаќа 2 000 денари, а истиот месечен надомест ќе изнесува и за престој и исхрана на дете од 6 до 10-годишна возраст“, информираа од Општина Карпош на официјалната фејсбук-страница.

Ваквата корекција на месечната партиципација во градинките, како што додаваат оттаму, била направена поради зголемените режиски трошоци и континуираниот пораст на цените на прехранбените производи. Од Општина Карпош нагласуваат дека зголемената цена ќе резултира со подобрување на квалитетот на услугите.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button