Животот ѝ се претвори во пекол кога престана да пее – српска пејачка најдена мртва во хотел

Српските медиуми јавуваат вознемирувачка вест попладнево – Емина С. е пронајдена мртва во хотел во Трстеник, каде што живеела.
Станува збор за српска пејачка, а според се уште непотврдени информации, постои сомневање дека пејачката починала најмалку три дена пред да биде пронајдена.

Фото: Фејсбук
Нејзините соседи вознемирени од веста за смртта на пејачката за српските медиуми изјавуваат дека Емина имала сериозни здравствени проблеми.
-Емина веќе некое време беше болна и бавно се движеше. Во средата навечер видов брза помош и полиција пред влезот на зградата. Подоцна дознав дека се работи за Емина.
Не знам колку дена беше мртва. Можно е да е веќе неколку дена, вели еден од станарите на овој хотел во Трстеник.

На телото не се забележани траги на насилство и засега нема сомнителни околности кои би можеле да укажуваат на кривично дело.
– Знам дека имаше партнер кој доаѓаше тука, како и ќерка. Но, тоа се прекрасни луѓе. Емина имаше тежок живот откако престана да пее, вели една нејзина сосетка.

Mногумина од соседите пред зградата, како што пишуваат српските медиуми, не ни знаеја дека нивната сосетка веќе не е жива.
„Таа беше омилена. Имаше и кучиња кои живеат пред зградата. Таа се грижеше за нив и ги хранеше“, објаснува една жена која работи во блиската продавница.
Полициската истрага е во тек и наскоро се очекуваат повеќе детали за смртта на пејачката Емина.





