Живот како од бајките: Нема дворец само Драгана Мирковиќ, и оваа српска пејачка живее во луксузно здание
На српската естрада нема само пејачката Драгана Мирковиќ дворец. И нејзината колешка Јана Тодровиќ исто така живее во замок, и тоа во Постбауер – Хенг, во близина на Нирнберг во Германија.
Ова огромно здание пред пет години го купил нејзиниот свекор Свето Тодоровиќ и целиот имот се простира на 16 хектари. Покрај дворецот има и езеро, помошна куќа, голем парк, посебен дел за животни. Дворецот се вика Каго Тодоровиќ и е изграден во барокен стил со ренесансна нота, и има неколку кули кои му даваат посебна убавина.
Јана никогаш јавно не истакнуваше колку е богато семејството на нејзиниот сопрруг, ниту дека има толку вредна недвижност. Во дворецот таа дури и го сними спотот за баладата „Јас сум твоја“, но не зборуваше дека тоа е нејзин имот. Ако се суди по видеото, јасно е дека дворецот е сместен во мирно предградие на Нирнберг, како и дека околината воодушевува со пејзаж и културно – историско богатство.
Вредноста на овој дворец се проценува на неколку десетина милиони.
По овој повод пејачката повторно не сакаше да даде детали за својот дом.
-Никогаш не би го истакнала тоа, но кога веќе сте дознале, да кажам дека тоа е дворец на мојот свекор Свето, кого исклучително го почитувам и ценам. Ние сме големо семејство и тој е еден успешен и почитуван човек. Отсекогаш сум живеела скромно и во тој дух го воспитувам и своето дете, рече пејачката.
Таа фотографијата пред дворецот само еднаш ја објави на Инстраграм, и тоа пред три години. Тогаш се сликаше со својот свекор. Инаку, Свето Тодоровиќ со години живее и работи во Германија. Тој почнал со бизнис со камиони, а во последните години се занимава само со недвижности.
Вили во Белград, Хрватска, Италија и Шпанија
Јана и нејзиниот сопруг Иван Тодоровиќ поседуваат куќи ширум светот. Покрај недвижностите во Белград, Америка, Хрватска, Германија, тие имаат и луксузна лива во Шпанија.
Пејачката патува секаде по светот, но сепак најмногу сака да летува во куќата на Мајорка, во која често ги вика и своите колешки заедно да уживаат. Врзана е за Америка, каде ја роди ќерката Кристина Џулиен.