Жељко Бебек имаше 52 години, а Ружица одвај беше полнолетна кога „искусниот волк“ ја освои
По два брака конечно ја пронајде среќата со неа

Интересна љубовна приказна на познатиот пејач
Еден од најпознатите рокери од поранешна Југославија, Жељко Бебек, својата среќа во љубовта ја пронајде дури во третиот брак.
Познатиот пејач зад себе има три брака.
Од првиот брак со Спомена, ја доби ќерката Силвија. Вториот брак, со Сандра, ја круниса со ќерката Бјанка.
Но пејачот познатиот пејач и покрај тоа што не ја пронајде својата среќа со нив, не се откажуваше од потрагата по вистинската љубов.
Фото: Инстаграм/ Жељко Бебек
И тоа се случи со 34 години помладата Ружица која кога се запознаа имаше само 18, а тој 52 години.
Кога нивната љубов исплива во јавноста, многумина се сомневаа дека ќе опстане, најмногу заради разликата во годините.
Фото: Инстаграм/ Жељко Бебек
Сепак, овој пар е совршен пример за тоа дека вистинската љубов не познава граници, но и дека големата разлика во годините понекогаш може и да допринесе да се развие поголема љубов.
Фото: Инстаграм/ Жељко Бебек
Таа со влегувањето во мојот живот промени сé. Без разлика што беше млада и се уште ни факултетот не го заврши или јас кој тогаш бев искусен волк со реконрол кариера, се виде дека доволно омекнав да почнам на животот да гледам на поинаков начин“, изјави Бебек за „Ин магазин“.
Фото: Инстаграм/ Жељко Бебек
„Да ме најдеше кога имав 18 години ќе бевме сега 50 години во брак, но не ме најде тогаш. Таа се роди кога ја објавив песната ‘Битанга и принцеза’. Некаде во повисоките сфери одлучено е дека мораме да се сретнеме“, изјави тој .
Фото: Инстаграм/ Жељко Бебек
Од друга страна, и Ружица вели дека од самиот почеток знаеле дека биле како создадени еден за друг.
„Жељко беше да му каже на татко ми, но тие тоа го прифатија и сé на крај излезе најдобро што можеше. Моите родители многу ни помогнаа кога децата беа мали. Ние секогаш многу патувавме, а децата беа кај нив. Мислам дека на крај сé се намести како што треба“, заклучи Ружица.
Фото: Инстаграм/ Жељко Бебек
Жељко и Ружица во 2003 година го добија синот Звонимир, а по две години и ќерката Катарина.