Пејачката Емина Јаховиќ не сака многу да зборува за приватниот живот особено откако се разведе од Мустафа Сандал со кого има две деца, синовите Јавуз и Јаман.
фото инстаграм/Емина Јаховиќ
Пејачката за српски Информер прозборе и за актуелната трагедија која го потресе регионот. На прашањето дали можеби некогаш била жртва на психичко или физичко насилство од партнерот таа одговори:
фото инстаграм/Емина Јаховиќ
– Шокирана сум од оваа вест. Трагедија. Не знам што да кажам, колку лошо се чувствувам. Кутрите жени и деца кои го трпат сето ова. Имав среќа што не доживеав такви ситуации, бидејќи имав интуиција да препознаам дека некоја личност е всушност добра.
фото инстаграм/Емина Јаховиќ
Многу е важно човекот да е добар по срце и душа. Апелирам до сите жени кои трпат насилство да го пријават бидејќи тоа е пат без враќање, посочи пејачката и истакна дека нејзиниот однос со Мустафа е коректен.
фото инстаграм/Емина Јаховиќ
– Во добри односи. Воспитуваме деца. Тој сега има свој живот.
Емина истакна дека нивната комуникација се сведува само околу децата.
фото инстаграм/Емина Јаховиќ
– Не вака, но кога се во прашање нашите деца – да, како двајцата одговорни родители.
фото инстаграм/Емина Јаховиќ
– Моите деца сакаат веднаш да имаат свои деца, иако имаат 11 и 15 години. Посебно Јаман, сега е во пубертет. Не е лесно, бидејќи во мојата куќа морам да бидам и татко и мајка. Моето срце е со жените кои се самохрани мајки.
фото инстаграм/Емина Јаховиќ
Емина истакна дека ги насочува децата кон верата.
фото инстаграм/Емина Јаховиќ
– Ги упатувам моите деца прво да веруваат во Бог. Тоа ми е најважно. Да знаат од каде дошле и од една и од друга страна и да бидат добри луѓе. Ништо друго не ми е важно. Сигурна сум дека имаат добро срце и душа, истакна пејачката.