Реклама
Наши ѕвезди

Жените во шoк: Бали-бег ќе ја остави болната сопруга и бебето? НАЈПОЗНАТИОТ турски актер се разведува?!

Реклама

Познатиот брачен пар, наводно, не може да премине преку несогласувањата што се случуваат веќе со месеци.

Фото: Инстаграм

Како што објавија неодамна турските медиуми, актерот Бурак Озчивит попознат како Бали-бег од серијата Сулејман Величествениот, заради се почестите расправии и несогласувања, по три години брак би можел навистина да се разведе од својата сопруга Фахрие Евџен.

Брачниот пар наводно не може да ги преброди несогласувањата низ кои поминуваат веќе со месеци наназад.

Маркетинг

Фахрие наводно се соочува со депpecија по см pтта на својот татко, кој долги години се бореше со рак на желудникот.

И токму кога Бурак требаше да ја преземе грижата за нивниот син Каран, и да и помогна на сопругата да се соочи со проблемите и тешкиот период, тој реши да и се врати на својата најголема љубов – глумата.

Маркетинг

Како што објавија турските медиуми, Фахрие не сака нејзиното дете да расте без татко, бидејќи Бурак сé повеќе време поминува на снимањето на новата серија. На познатата актерка едноставно не и се допаѓа тоа што нејзиниот сопруг отсуствува и е дома само преку еден викенд.

Фото: Инстаграм

Како што објавија турските медиуми пред неколку недели, додека познатиот пар беше на одмор во вилата во Бодрум, наводно толку жестоко се испокарале што расправијата ја слушнале и соседите па морале да интервенираат за да ги смират. Но потоа турските папараци ги уловија на заеднички ручек и тогаш изгледаа смирено, но никој со сигурност не може да каже дали глумеа или не.

Фото: принтскрин/ Јутјуб

Тие потоа и на социјалните мрежи објавија неколку заеднички фотографии со кои сакаа да покажат дека помеѓу нив сé е идеално, но фановите се загрижени, посебно припадничките на понежниот пол кои доколку сето ова излезе вистина, ќе бидат изненадени, односно разочарани од ваквото однесување на нивниот омилен актер.

Фото: Инстаграм

Имено, 35 годишниот Бурак Озчивит и неговата една година помлада Фахрие Евџен, малиот Каран го добија во април минатата година. Тогаш Бали-бег како вистински господин цело време беше со својата избраничка, а нивниот наследник го дочекаа заедно со солзи радосници. Тогаш следуваа голем број заеднички фотографии од кои можевме да видиме дека во семејството владее среќа и радост. Но по една година, медиумите почнаа да известуваат за проблемите, а фановите се надеваат дека ќе успеат да ги надминат истите.

Фото: Инстаграм

Од друга страна се шушка и дека неговата сопруга е решена да направи сé за да го спаси бракот, па дури и некое време да ја остави на страна кариерата и да му се посвети на мајчинството и семејниот живот.

Фото: Инстаграм

Новните фанови се надеваат дека така и ќе биде, односно дека љубовта ќе победи и Неџла и Бали-бег ќе останат заедно.

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button