Реклама
LIFESTYLEВирално

Жена отишла на печалба во Австрија, па заборавила дека е мажена и „СПЕЧАЛИЛА“ 50.000 евра – сега треба да ги врати парите!

Реклама

Таа сега е осудена на 16 месеци и ќе треба да ги врати парите

Австријка со српско потекло (28) деновиве е осудена на 16 месеци условно пред судот во оваа држава бидејќи во обрасците за примање на социјална помош излажала дека е немажена и на тој начин заработила, односно ја оштетила државата за 47.123 евра што сега ќе треба да ги врати.

Маркетинг

Таа е откриена кога е фатена во грабеж со уште двајца членови од своето семејство.

Маркетинг

Австријката со српски корени обвинета е за превара и кражба во Сенкт Пелтен. Таа најпрво живеела со сопругот во Србија, но бидејќи во бракот не и цветале рози, решила да се врати кај своите родители во регионот Тулин.

Таа тогаш се пријавила за минимален приход во социјалното, а се означила како „слободна“ и покрај тоа што била мажена.

Police patrol in front of the High School Bundesgymnasium und Bundesrealgymnasium, BGRG 8, after the school was shut down by authorities after a teacher was suspected to be infected with the new coronavirus in Vienna, Austria, Wednesday, Feb. 26, 2020. (AP Photo/Roland Zak)

Но нејзината измама можеби и не би била откриена доколку полицијата не добила повеќе пријави од центрите за собирање отпад каде биле забележани кражби на електрични уреди. Заради честите провали полицијата детално ги прегледала камерите и ја забележала оваа девојка со уште две лица. Преку проверка утврдено е дека две од нив се по потекло од Србија и дека се во роднинска врска, а таа е осомничена и дека направила измама заради која добила незаслужени социјални бенефиции од државата.

„Не знаев дека тоа го направив бидејќи не ја прочитав внимателно пријавата“, се бранеше оваа 28 годишна девојка пред судот во Австрија. На крај изјави дека ќе ги плати средствата што ги должи и дека бракоразводната парница наскоро ќе биде готова.

Таа е осудена на 16 месеци условно.

Корона кризата и печалбарите

Се очекуваат големи демографски нарушувања, а државните интервенции секако ќе бидат потребни во функција на демографската ревитализација и целокупниот развој. Со намалување на работата, производството, продажбата и други слични активности во услови на криза кога приходите, добивката и финансиските акумулации не се во рамките на очекуваната, планираната или веќе навикната рамка за управување, секогаш резултира со голем број отпуштања. И ова е нешто што веќе се случува, а таквиот тренд ќе продолжи и во следните неколку години.

Отказите се покажаа како наједноставна деловна мерка и всушност е негација на клучната важност на човековата популација во сите активности. Делумно, отпуштањата се неопходност заради неможноста да се генерираат потребните приходи за да се помират трошоците, но делумно тие се исто така последица на опаѓање на трендовите на профит, неплаќање за физичко отсуство од работа, неможност за управување со криза и слично.

Спротивно на тоа, со затворање на границите, забрана за патување и социјално дистанцирање, некои други активности што не морале да ја стопираат својата активност (градежништво и слично) имаат во исто време голем проблем на одржување на функционален бизнис токму заради неможноста да се обезбеди работна сила преку мобилен или миграциски модел.

Вишок на работна сила

Со доаѓањето на кризата со вирусот, веќе постоечкиот образец за осигурување на работна сила едноставно беше прекинат, а голем број нови невработени поради кризата практично ја сменија воспоставената парадигма. А продолжението ќе следи по новите правила и пристапи.

Разгледување на продолжување и дефинирање на нови форми на вработување, мерки за поттик и закони за миграција на работната сила се потврдени и класифицирани како приоритетни решенија и активности.

Ова се потврдува со последиците од кризата во Австрија и Германија, па токму затоа проекцијата за потребата од работна сила од балканските земји е нужно променета во овие земји. Според експертските проценки, вирусната криза ќе доведе до најголема рецесија во Германија по Втората светска војна и зголемување на стапката на невработеност од 0,7 на 5,8%, а можеби и повеќе, како и нефункционален пазар на трудот заради ограничување на контактите.

Во исто време, зголемувањето на невработеноста во Австрија како резултат на кризата со епидемијата во однос на вкупната вработеност и населението е повисоко отколку во Германија: Австрија има пораст на невработеноста од 58% во однос на минатата година, а овој тренд со новите мерки, како и со продолжување на кризата заради новиот бран на епидемијата, се очекува да биде дури и многу подраматичен.

Фото: Илустрација

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button