Жена, мајка и хероина, а не жртва: Карлеуша поврорно го остави цел Балкан без здив – од нејзините зборови ќе ви се заледи крвта
Поп-дивата Јелена Карлеша за прв пат по порно скандалот се појави на сцената и ја изведе песната „Лајк“ пред голема публика, така што ги остави сите без здив.
Таа распната пред објектив, ја започна својата бомбастична изведба, од која многу луѓе престанаа да дишат.
Но она што најмногу се зборува по изведбата беше увертирата со нејзиниот говор проследен со невообичаен сценски изглед, на кој пејачката висеше на знак на кој пишува „живот”, пречкртано со црвена линија.
„И еве ја. И по сé што и се случи таа е мајка на две деца, жена, ѕвезда. Нејзиното достоинство. Нејзиното име. Има убава кожа. Таа е бледа. како да е долго време тука. Иако кога ќе погледнам малку подобро, нешто ми недостасува тука. Не ја гледам крвта, а мириса на неа. На насилство без нож, без пиштол. На зло. И тоа она што веќе не можеше да ја засегне, па одлучи да влијае на тоа како другите ја гледаат … Поради неа и сите нив, решив да бидам хероина во својот живот. А не жртва во вашите очи”, порача Јелена пред да започне со новата песна.
Да потсетиме, Јелена ги отфрли сите контроверзни материјали како монтирани во својата борба и отиде во кај сопругот Душко Тошиќ во Кина, каде што заедно со нивните ќерки го прославија неговиот роденден.
Поради деловните обврски, во строга тајност се врати во Белград, и јавноста може да ја види само кога одеше на снимање на Гранд ѕвезди.
Таа беше една од најголемите ѕвезди на доделувањето на МАК наградите, а наградата што ја доби за дуетот со Аца Лукас, ја посвети на својата мајка, Дивна Карлеуша.
https://www.instagram.com/p/BtQAbCDnF6G/