Есенското издание на оваа Македонка ќе ве остави без здив, посебно заради ВПЕЧАТЛИВИОТ ДЕТАЉ што го носи на половината (фото)

Ангела Ѓоргиева ги следи трендовите, а нејзините комбинации им се инспирација на многу дами.

Познатата македонска блогерка Ангела Ѓоргиева носеше елегантни панталони и сако со риги, играјќи на сигурно, но користејќи и еден трик.
Таа е една од нашите најпознати модни блогерки, а нејзините фотографии на Инстаграм се мелем за очите.
Облечена секогаш според најновите трендови од глава до пети, нејзиниот стил никого не остава рамнодушен.
Впрочем така беше и овој пат кога избра едноставно издание и не сакаше премногу да експериментира со бои.

Таа носеше елегантни црни панталони и сако со риги, играјќи на сигурно, но користејќи и еден трик.


Во прашање е комбинација која е совршен избор за овој период од годината и која трендсетерките ја обожаваат. Но Ангела целото издание го „подигна“ на едно повисоко ниво со еден детаљ со кој не можеше да помине незабележано.

Имено, таа преку сакото кое не се закопчува носеше долг ремен во бордо нијанса, врзан на тренди начин, а целото издание дополнително го „зачини“ со малата сина чанта со злати синџири од познат бренд омилен на многу дами.

Како оваа 26 годишна мајка и модна блогерка изгледаше во ова свое феноменално есенско издание, но и уште неколку други комбинации што исто така можат да и послужат како инспирација, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Ангела Ѓоргиева
Фото: Инстаграм/ Ангела Ѓоргиева
Фото: Инстаграм/ Ангела Ѓоргиева
Фото: Инстаграм/ Ангела Ѓоргиева
Фото: Инстаграм/ Ангела Ѓоргиева
Фото: Инстаграм/ Ангела Ѓоргиева
Фото: Инстаграм/ Ангела Ѓоргиева
Фото: Инстаграм/ Ангела Ѓоргиева
Фото: Инстаграм/ Ангела Ѓоргиева
Фото: Инстаграм/ Ангела Ѓоргиева
Фото: Инстаграм/ Ангела Ѓоргиева
Фото: Инстаграм/ Ангела Ѓоргиева
Фото: Инстаграм/ Ангела Ѓоргиева
Фото: Инстаграм/ Ангела Ѓоргиева
Фото: Инстаграм/ Ангела Ѓоргиева
Фото: Инстаграм/ Ангела Ѓоргиева
Фото: Инстаграм/ Ангела Ѓоргиева
Фото: Инстаграм/ Ангела Ѓоргиева
