Реклама
Вирално

Епидемиолог ни открива кои симптоми ги имаат оние што се заразени со коронавирус – тестираните 7 пациенти се негативни!

Реклама

Во Mакедонија досега се регистрирани 18 случаи кај кои е потврден вирусот корона, од кои повеќето се со блага клиничка слика, што значи со благи респираторни тегоби.

Според српскиот епидемиолог Дарија Кисиќ Тепавчевиќ здравствениот систем на една држава колку и да е среден не може да биде успешен доколку секој граѓанин не биде одговорен и свесен за последиците.

Маркетинг

Кога е во прашање вирусот корона треба да бидеме свесни дека повеќето од нас доколку биде во контакт со тој вирус нема ни да знае дека го имал и ќе има благи симптоми. Таа вели дека отприлика еден од петмина инфицирани ќе има симптоми кои ќе бараат посета на доктор.

Таа објасни и дека може да се случи некој да е асимптоматски преносител, кај кој само случајно може да се открие вирусот доколку биде тестиран, бидејќи нема никакви симптоми и знаци карактеристични за оваа болест.

Маркетинг

Кога се во прашање благите симптоми, оваа докторка истакнува дека тоа најчесто се блага температура, слабост, малаксалост, болка во мускулите, односно симптоми кои генерално многу личат на симптомите што ги имаме при настинка. Доколку имаме било кои од овие симптоми треба да останеме дома за да не ја шириме инфекцијата околу себе, нагласи таа.

Исто така важно е доколку знаеме дека сме биле во контакт со лице кај кое веќе е потврдено дека има корона вирус или се сомнева, колку и да се чувствуваме добро и мислиме дека сме здрави, потребно е одредено време да бидеме дисциплинирани и во домашна изолација, вели епидемологот Кисиќ Тепавчевиќ и додава дека на тој начин ги намалуваме контактите, а со тоа и ширењето на инфекцијата.

Во Македонија има околу 120 респиратори 

Во денешното обраќање министерот Венко Филипче изјави дека сите 13 пациенти коишто се сместени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се во стабилна состојба, идентична како во текот на вчерашниот ден. Тој додаде дека првата пациентка од Дебар е на респираторна машина со значајно подобрување на параметрите по приклучувањето на механичката вентилација, но со се уште непредвидлива прогноза поради тоа што во оваа ситуација многу често доаѓаат компликациите во текот на лекувањето. Сите други пациенти се со лесна клиничка слика, вклучувајќи го и 15 годишниот пациент – сите сместени на одделот за изолација. Прво заболената пациентка од утре ќе биде на домашно лекување, изјави Филипче..

Министерот изјави дека во државата има околу 120 респиратори, најголемиот број од кои близу 90 се во Скопје. На денешниот координативен состанок со директорите на Клиниките донесени се неколку одлуки. Прво, целиот здравствен персонал во сите јавно-здравствени установи и приватни болници ќе бидат мобилизирани и ставени на располагање согласно оперативниот план за делување, доколку е потребно да работат во здравствена установа каде што ќе биде потребно. Тој изрази благодарност до приватните болници коишто уште во текот на минатата недела целосните капацитети ги ставија на располагање, вклучително и близу 70 интензивни легла, со респираторни машини за оваа патологија.

Тестираните седум пациенти немаат корона вирус

Министерството за здравство информира дека резултатите на 7-те пациенти кои претпладнево се тестираа се негативни на корона вирус.

Денеска се тестираа пациенти од Куманово, Тетово, Кичево, Охрид, две трудници од Дебар и еден пациент од Кочани, чиј брис пристигна преку ЦЈЗ Штип.

Тестот на пациентот од Кочани, е негативен, но заради типичните симптоми на вирусот, истиот се повторува. Министерството за здравство ќе информира за резултатот, велат од министерството.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button