Реклама
Вирално

„Епа, вистината е како шило, м*мето ваше“ – исплива шокантна снимка од настаните на 27 април

Повеќе од јасно е дека тој ја смирува толпата и ги замолува сите да бидат коректни кон полицајците...

Реклама

„Ако имаше трезен обвинител, ќе сфатеше дека ова не се терористи“

Богдан Илиевски, своевремено познат и како Бетмен Велит, објави едно видео направено на 27 април кога народот влезе во собранието.

Во видеото се гледа како тој ја смирува топлата и вели дека нема потреба никој да оди горе затоа што таму нема никој, а како што самиот вели во коментарот под снимката, на суд кога им раскажувал дека ги смирувал граѓаните и се обидувал да ги сопре да не одат горе, имало цинично смеење од олошите од системот, па дури и обвинувања дека ги потпалувал луѓето, а не смирувал, вели тој.

Маркетинг

Целото видео од критичниот ден, но и коментарот на Богдан Илиевски, погледнете и прочитајте во продолжение…

Маркетинг

Објавата на Богдан

Ексклузивно и од рубриката „верувале или не“, ама оваа снимка вечерва ми ја прати човек на фејсбук. Не ја знаев. Ако имаше трезен обвинител, ќе сфатеше дека ова не се терористи. Ако имаше нормален судија, ќе носеше ослободителни пресуди за тоа грозно обвинение. Недостигаа и двете работи, но вистината секогаш ќе излезе на виделина.

Кога на суд им раскажував дека ги смирував граѓаните и ги враќав да не одат горе, имаше цинично смеење од олошите од системот. Велеа дека сум ги потпалувал луѓето, не дека сум ги смирувал.

Принтскрин/ Фејсбук

Епа, вистината е како шило, мамето ваше.

„ГОРЕ НЕМА НИШТО“.

И покрај вистината, ако се спроведеше нивната волја немаше денес да го славам вториот роденден на синот кој се роди баш на 27 април. Ни тој на ќерката, четврти, за 3 месеци. Ќе ги немав нив ако успееше планот на сатрапите и нарачателите. И покрај она што го гледате со ваши очи. Сепак, луѓето кои се ден денес во затвор пропуштаат родендени на своите деца, пропуштаат драгоцени мигови со нив, пропуштаат многу исклучителни моменти во животот кои не се враќаат.

Принтскрин/ Фејсбук

Затоа дур сум жив ќе се борам олошите да одговараат за се што им направија на неправедно обвинетите и осудени.

Фала на човекот кој ми ја прати снимката, пишува во објавата на Богдан под видеото што нема никого да остави рамнодушен.

Напоменуваме дека ова не е платена политичка програма, туку е објавено затоа што јавноста во Македонија има право да ја дознае вистината…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button