Силвестер Сталоне ги воодушеви обожавателите со носталгичен пост на Инстаграм со кој се докажува колку семејство му значи.
Сталоне објави фотографии од неговите ќерки Систин, Софија и Скарлет и сопругата Џенифер и рече дека многу му недостигаат. „Предолго сум на пат, не можам да дочекам да се вратам дома таму каде што ми е срцето“, напиша актерот под фотографијата.
„Колку голем среќник си, убави ќерки и сопруга имаш“, „твоето семејство е убаво“, „јас разбирам како си“, „Ја најдов совршената улога за тебе – мојот дедо“, „Го знам тоа чувство, а ти имаш прекрасно семејство на кое можеш да се вратиш “, му напишаа следбениците.
Патем, ќерките и сопругата на Сталоне го поминаа ова лето во Хрватска, што ги воодушеви, според објавите на социјалните медиуми.
Фото: Истаграм