Емотивни моменти од семејниот живот на Атанас – неговата сопруга сподели фотографии и сите ги разнежи
Најслаткото нешто што ќе го видите денес
Комичарот Атанас Атанасовски е еден од најпознатите, но и од омилените македонски актери од помладата генерација.
Тој е вработен во Театар Комедија, а познат е и по неговите заеднички настапи со колегата Тино Костадиновски со кого настапуваат како Атанас и Тино и моментално важат за омилените комичари кај нас.
Но, покрај големите успеси на професионален план, Атанас одлично се снаоѓа и во својата улога како татко.
Инстаграм/ Белограм
Тоа впрочем можевме да го видиме и од најновите објави на неговата сопруга Александра која сподели неколку фотографии на својот Инстаграм. Од фотографиите што таа ги сподели може да видиме како Атанас ужива додека го минува времето со своите две деца, додека мама со мерак ги овековечи овие посебни моменти и ги сподели со своите пријатели на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Белограм
Атанас и Александра се родители на две деца – синот Павле, крстен по таткото на познатиот актер, и помалата ќеркичка Една.
Инстаграм/ Белограм
Една неодамна го прослави својот трет роденден, а гордите родители сега покажаа и како го прославија нејзиниот роденден.
Инстаграм/ Белограм
И ако судиме според фотографиите што ги сподели Александра тие сите уживаа во овие нивни заеднички семејни моменти.
Инстаграм/ Белограм
Но нејзината објава со овие емотивни сцени поминати со најмилите им ги растопи срцата на сите, па многумина воодушевено коментираа дека ова е нешто најслатко што го виделе денес.
Инстаграм/ Белограм
Инстаграм/ Белограм
Инстаграм/ Белограм
Инстаграм/ Белограм
Инстаграм/ Белограм
Инстаграм