Реклама
Наши ѕвезди

Емотивната приказна за нашиот пејач кој дури по смртта на неговиот татко дознал дека има сестра во Богданци

Ѓоко Танески и Елена прв пат се сретнале дури во 2011 година, кога пејачот имал 34 години. Тогаш неговата сестра имала 45 години и прв пат во животот ги видела и запознала своите тројца родени браќа од Охрид...

Реклама

Емотивна приказна со среќен крај

Пејачот Ѓоко Танески во една пригода откри дека тој и неговите двајца браќа долги години не знаеле дека имаат родена сестра.

Познатиот македонски пејач Ѓоко Танески и неговите двајца браќа дознале дека имаат родена сестра дури по смртта на нивниот татко, и тоа сосем случајно, односно откако им кажала нивата тетка.

Маркетинг

Неговата сестра се вика Елена и била десетина години постара од него, а нивната прва средба била крајно емотивна.

Маркетинг
Фејсбук/ Ѓоко Танески

„На првата средба излегував од просторијата за да земам воздух зашто ми снемуваше додека седевме. Замислете која е среќата кога ќе си ги запознаеш и сестрата и двете внучиња, кои веќе беа момче и девојка“, раскажа своевремено познатиот пејач за Факултети.мк.

Како што откри тој самиот, неговата сестра ги има истите биолошки родители, но се родила пред тие да бидат во брак.

Фејсбук/ Ѓоко Танески

И бидејќи тогаш околностите биле такви, родителите на Ѓоко решиле да ја дадат во Домот за доенчиња и мали деца во Битола.

Фејсбук/ Ѓоко Танески

Една година подоцна родителите на Ѓоко решиле да ја земат нивната ќерка, но Елена тогаш веќе била посвоена.

Фејсбук/ Ѓоко Танески

Од друга страна и родителите на Елена не и кажале дека е посвоена, иако таа уште од мала го знаела тоа од другарчињата.

Па така тие долги години живееле без да знаат еден за друг, се додека пејачот не дознал дека има родена сестра.

Фејсбук/ Ѓоко Танески

Тој веднаш решил да ја побара заедно со неговите браќа, но потрагата воопшто не била лесна и траела цели десет години.

Прв пат се сретнале во 2011 година, а оваа средба никој од нив нема никогаш да ја заборави. Кога се виделе, се гушнале и почнале да плачат, а плачеле и сите останати што биле со нив во тој момент.

Но денес тие се во одличен однос, а како што самиот Ѓоко во една пригода изјави, со својата сестра нон-стоп се суша преку телефон.

Фејсбук/ Ѓоко Танески

Потсетуваме, Ѓоко веќе долги години е во среќен брак со сопругата Розе и задно со нивните две ќерки живеат во Охрид.

Фејсбук/ Ѓоко Танески

Анастасија е родена во 2007 година, а Михаела во 2011 – истата година кога Ѓоко ќе ја запознае својата сестра.

Пејачот на социјалните мрежи често објавува фотографии од семејниот живот, а неодамна ги израдува своите фанови со уште една вест.

Фејсбук/ Ѓоко Танески

Имено, тој пред само неколку дена го најави својот солистички концерт закажан за 20 јули во Античкиот театар во Охрид.

Повод за концертот е неговиот јубилеј – 30 години кариера, а на репертоарот ќе бидат сите песни што ја одбележале истата. Концертот е насловен „Најдоброто од Ѓоко Танески“ и е со почеток во 21:00 часот, а на сцената заедно со Ѓоко ќе застанат и Камерниот оркестар од Битола и моите специјални гости – Драган Мијалковски и Николче Мицевски.

„Со особена чест ви го најавувам мојот солистички концерт закажан на 20 јули, на Античкиот театар во Охрид! Концертот насловен „Најдоброто од Ѓоко Танески“ е со почеток во 21:00 часот, а на сцената заедно со мене ќе застанат и Камерниот оркестар од Битола и моите специјални гости – Драган Мијалковски и Николче Мицевски“.

„Повод за концертот е мојот јубилеј – 30 години кариера, а на репертоарот ќе се најдат сите песни кои ја одбележаа истата. Не пропуштајте ја можноста заедно да ги отпееме „Една љубов имам”, „Збогум најмила”, „Мој пријателе”, „Никогаш доста”, „Цветај расцватај”, „Купив се”, „Јас ја имам силата”, „Ти должам сѐ”…

„Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од 20 јуни, и тоа онлајн преку мрежата на Мктикетс, како и во продажните салони на „Литература” низ републиката и „Кај Аждер“.

„Оваа година е мојата јубилејна година – 30 години кариера, а бидејќи јубилеите имаат смисла само ако се прославуваат и со драги луѓе – каде и да сте на 20 јули во Охрид да сте. Ваш Ѓоко Танески“, го најави Ѓоко концертот на својот Фејсбук профил.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button