Емина Јаховиќ по разводот ќе стане милионерка – еве што сé ќе и припадне на пејачката!
Пејачката Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал пред да стапат во брак имаат потпишано предбрачен договор.
Но и покрај овој договорот откако беше објавена веста дека парот се разведува за медиумите извор близок до нивното семејство тврди дека тие ќе склопат договор околу поделба на имотот. Мустафа иако за време на десетте години додека беше во брак со Емина има заработено многу повеќе од неа, нема да прави проблеми и ќе го испитува договорот во нејзината корист. Тие дури и да не го поделат целиот имот на половина, на Емина ќе и останат милиони бидејќи Мустафа со години заработува многу пари. Тој покрај пејачката кариера и албумите кои што ги продава во милионски тираж, познат е и во продукциската работа низ цела Европа од што исто така заработува многу пари. Покај тоа има и неколку компании, а и нивниот имот се проценува на неколку милиони евра.
Тој на Емина и помогнал и да ја покрене својата линија парфеми, а планирал и во Белград да отвори хотел од познат синџир на хотели.
Инаку, деновиве турските медиуми пишуваа и дека Мустафа би можел да и ги земе децата на Емина ако докаже на суд дека го изневерувала, но овие информации се уште не се потврдени. Според законот во Турција ако мажот има докази дека сопругата е крива за пропаста на бракот, тогаш има поголеми шанси да ги задржи парите, но и децата. Сепак, според изворот, а како што пренесуваат медиумите од соседството, Мустафа ќе го испочитува договорот и добар дел од нивното заедничко богатство ќе го подели со Емина.