Емина Јаховиќ искрено за разводот и проблемите со кои се соочуваат нејзините деца
Емина призна дека е задоволна на секое поле, но …
Откако медиумите објавија дека Емина Јаховиќ повторно е во врска со турскиот милионер Садетин Саран, пејачката во едно интервју отворено зборуваше за нејзиниот живот и потврди дека е среќна и исполнета.
Таа и покрај тоа што не сакаше да зборува многу во врска со љубовта, сепак призна дека е исполнета на секое поле.
„Среќна сум, сакам да сум вљубена и кога ми се случува нешто на емотивен план. Вистина е дека конечно сум исполнета на секое поле и се надевам дека ќе биде се како што треба“, изјави пејачката за магазинот „Story“.
Во последните неколку недели во медиумите се пишуваше и дека Мустафа бил бесен поради нејзината врска.
Но Емина во своето интервју напомена дека Мустафа не е тип кој би и викал и дека такво нешто не правел ни додека биле во бракот, а камо ли пак сега, откако не живеат заедно. Таа додаде и дека е во одличен однос со поранешниот сопруг, но исто така и призна дека нивните деца тешко навикнаа на фактот дека мама и тато повеќе не живеат заедно.
„Тоа е тешко и за мене и за нив, многу страдавме. Посебно му беше тешко на Јаман, постариот син, кој беше свесен за целата ситуација. Но за среќа, тој е разумно дете. Подобро добар развод отколку лош брак“, зборуваше искрено познатата пејачка во своето последно интервју.
Иако пред некое време Емина призна дека е во љубов со згодниот турски бизнисмен, а потоа откри дека се разделиле, турските медиуми наведуваат дека парот никогаш не се разделил, туку дека се во тајна врска заради Мустафа. Но Емина овие гласини не ги потврди.