Реклама
Uncategorized

Емина Ердоган – жена која цврсто стои зад својот сопруг. Случајности не постојат кај неа, а скапата облека и е најголема страст

Реклама

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган покрај себе ја има сопругата Емина која е мошне популарна жена во нејзината земја.

Неговата сопруга својот живот го посвети на социјални проекти – се бои против детските бракови, помага на менталните и физичките инвалиди, како и на жртвите од природни катастрофи. Таа е и мајка на четири деца, па јавноста ја обожава, како и нејзиниот традиционален стил на облекување кој е во склад со културата на земјата која што ја преставува, но и со нејзините години.

Маркетинг

Госпоѓа Ердоган за себе сака да каже дека е побожна и традиционална жена, додека за нејзината изјава дека „харемот бил школо кој жените ги подготвувал за животот“ се уште се зборува, како во Турција, така и во светот. Покрај оваа изјава, таа неколку пати јавно зборуваше и дека секоја жена треба да биде мајка, што доведе до протести во Турција.

Маркетинг

Што се однесува до нејзиниот стил, таа задолжително носи хиџаб со кој НЕ го покрива лицето, а одби да го направи тоа и на нејзината венчавка, и се уште се држи до таа одлука. Таа многу добро знае да ги избере и комбинира вистинските бои што можете да видите и од фотографиите што следуваат, а на службените патувања со својот сопруг секогаш одлично ја исполнува својата модна задача.

Нејзините омилени парчиња се капут со едноставен крој и класични панталони кои секогаш наоѓа начин да ги искомбинира со некој модерен, интересен детаљ.

Обожава скапи модни парчиња

Емина е поборник за здрава и природна храна, а сака да чита и слуша популарна музика. Но и покрај тоа што тврди дека живее скромно според муслиманските обичаи, ширум светот е позната нејзината страст за скапите модни парчиња и антиквитети. Таа еднаш дури и го затвори целиот трговски центар во Брисел за да може да купува, а за време на посетата на Варшава ги истражуваше тамошните антиквитети.

Раскошна палата од 590 милиони евра

Емина живее со сопругот недалеку од турската престолнина Анкара, во огромна претседателска палата за која се потрошени фрапантни 590 милиони евра.

Палатата е толку раскошна што според многумина и Садам Хусеин, кој беше познат по неговата опсесија кон златото и скапоцените камења, би се посрамотил од неа. Зданието во Турција е познато како „Белата палата“ за која се потрошени дупло повеќе пари отколку што беше првично планирано (ова ве потсетува на нешто?), но според Ердоган палатата го поправа имиџот на Турција во светот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button