Реклама
MAMAБебиња

Елизабета – божји завет, Симон – се покорува…Најубавите библиски имиња со долга традиција

Реклама

Денеска и ретко може да ги слушнеме.

 

Маркетинг

Еве 24 убави имиња за момчиња и девојчиња, со прекрасни значења, што може да ве натераат да одлучите да му дадете едно од нив на вашиот наследник или наследничка!

Имиња за девојчиња: Ада – убава декорација, Ава – неправда, Дина – осветена, Елизабета – Божји завет, Естер – таен, скриен, Ева – здив, живот, Јудита – жена од Јуда, Магдалена – жена од Магдала, Миријам – бунт, Рејчел – Јагнето, Ребека – расправија кавга, Сузана – прекрасен крин.

Маркетинг

Имиња за момчиња: Аврам добиени од него – значи „возвишен татко“ или „татко на многумина“, Амос – силен, еластичен, Адам – ​​човек, маж, Бенедик – благословен, Даниел – Бог е мојот единствен судија,  Езра – помош, Леви – тој ќе дојде, Мика – подарок од Бога, Рубин – визија за син, Самоил – оној што го чул богот, Симон – оној кој слуша и се покорува, Томас – близнак.

Светото Писмо претставува историја на нашето спасение или постапен развој на Божјиот план за искупувањето и спасението на човекот преку два завета. Ни кажува сѐ што треба да знаеме за Бога, за човекот и за неговото обожување. Писмото е збор Божји упатен до секој човек.

Стариот Завет претставува корпус на канонски книги што го сочинуваат првиот и поголем дел од Светото Писмо, а во кои е пренесена подготовката за доаѓањето на втората Ипостас на Света Троица, Господ Исус Христос во светот. Изразот „Стар Завет“ е христијански термин што потекнува од Посланието на светиот апостол Павле до Коринтјаните: „Но умовите нивни заслепеа, бидејќи и до ден денес, кога се чита Стариот Завет, покривалото стои несимнато, зашто Христос го симнува“ .

Новиот Завет претставува збирка на 27 боговдахновени книги напишани од светите апостоли, во која се открива и исполнува Божјата икономија и домострој на спасението на човекот. Новиот Завет е уште и основна содржина и критериум на апостолската Црковна традиција, со што се потврдува дека изворот на нејзиното богословско учење и литургиска пракса е ист; тој е исполнување на Стариот Завет, како договор меѓу Бога и избраниот Божји народ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button