Елена Ристеска се присети на својот татко и ги расплака своите обожаватели – објави и досега невидена заедничка фотографија!
Познатата македонска пејачка уште еднаш се потсети на најтешкиот ден во нејзиниот живот.
Елена Ристеска често во јавност искрено ги изразува своите емоции и воопшто не се штеди на зборови кога станува збор за нејзините блиски личности.
Посебно не поминува ниту еден роденден или годишнина од сmртта на нејзиниот татко, а таа да не му посвети емотивна порака.
Често со објава знае да покаже дека премногу и недостига, па така и овојпат со емотивни зборови Елена напиша дека не постои љубов како неговата.
-На овој ден пред 5 години беше нашиот последен поздрав со твоето тело, но душата твоја нè напушти на 29ти. И секогаш мислев дека на денот на починувањето ќе ми биде најтешко и секој следен таков датум, ама потешки се деновите кои доаѓаат после тој ден. „Полни“ се сите денови со празнина. Ќе рече некој душите не нè напуштаат, не знам колку е вистина тоа ама мене ми е единствената утеха со која одбирам да живеам. Не сакам да прифатам дека те нема, ама максимум што можам да прифатам е да мислам дека си некаде далеку во друга држава и дека ти е најубаво, дека затоа не си тука-напиша Елена и додаде:
-Знам дека си горд на мене и дека сè гледаш и сè слушаш и знам дека уште повеќе беше горд кога пеев и нижев успеси со музиката, но само ти можеш да ме разбереш кога душата ми тагува и не ѝ е до песна, и кога целиот предизвик, елан и мотивација ќе ти избегаат некаде далеку. И затоа полесно ми е да работам нешто друго а не музика. Ама ветувам пак ќе пеам како некогаш, ти го должам тоа тебе за да се гордееш од горе и секако на тие кои ме сакаат. Ти напишав јас песна, ама кога ќе соберам храброст и сила ќе ја објавам …
Не постои љубов како твојата ТАТО-напиша таа на својот Инстаграм профил.
Елена во неколку наврати има покажано дека нејзиниот татко и бил најголема поддршка.
Раната којашто ја остави неговото прерано заминување никогаш нема да и зарасне, а колку и недостига кажуваат и заедничките фотографии што Елена одвреме-навреме знае да ги објави на социјалните мрежи сеќавајќи се на него.
Елена Ристеска важи за една од најпопуларните пејачки на нашата музичка сцена.
Таа многу млада ја започна својата кариера, а пред точно 17 години победи на аудицијата на М2 продукција. Нејзиното издание од овој настан многумина сè уште го паметат.
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска