Елена Ристеска објави преубава вест – цел ден од верните фанови ѝ ПРИСТИГНУВААТ честитки, никогаш не била посреќна

Пејачката ги доби своите први честитки…

Пејачката Елена Ристеска денес го слави својот 37 роденден.
Познатата македонска поп-пејачка во последно време е поприлично активна на социјалните мрежи, па во рамките на своите Инстаграм приказни ги објави првите честитки што ги доби од своите пријатели и фанови.
Една од нив посебно привлекува внимание, а на неа Елена е во друштво на легендарниот Тоше Проески.

Елена е родена на 27 април 1986 година во Скопје, како второ дете во домот на Деца и Ако Ристески.

Таа уште од своите најрани години покажува интерес кон музиката, а првите чекори ги прави во школските денови.

Таа подоцна ќе се приклучи кон КУД Кочо Рацин во одделот на народни ора и танци и со ова културно уметничко друштво ќе гостува низ неколку европски земји. На десетгодишна возраст ќе започне да пее во училишниот хор, а на македонската публика ќе им стане позната по победата на музичкото реалити шоу „Плеј – потрага по ѕвезди“.
Елена во 2006 година победува на македонскиот „Избор за песна на Евровизија“ и со песната „Нинанајна“ ќе ја претставува нашата земја на „Евросонг 2006“ во Атина, Грција кога ќе обезбеди пласман во финалето и ќе го освои 12-тото место на овој светски познат музички фестивал.

По овој успех следуваат бројни песни кои и денес се големи хитови во Македонија, а на еден од нејзините последни албуми се наоѓа и песната „А можевме“ која е со постар датум, а напишана од Тоше Проески.
Како изгледаше Елена на почетокот од својата кариера, но и како изгледа сега, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
